‘Glorious PC Gaming Race’ се ребрендираат во ‘Glorious’ поради Нацистички Конотации

Во убавата 2008 година, рецезентот на игри Yahtzee од Zero Punctuation ја измисли и креира една од најпознатите фрази во историјата на гејмингот која што трае активно 14 години – “The Glorious PC Gaming Master Race”. Сите ја знаеме приказната и референцата – PC гејмерите како ги гледаат тие што се гејмери но играат на конзоли. Но најдобриот дел на приказната е што PC гејмерската заедница решија да се наречат себеси “PC Gaming Master Race” и со тоа станаа најголемиот SubReddit.

Во 2014 година еден дечко решил да го користи името на начин што ќе продава мауси, подлоги за мауси и тастатури на луѓето, но сепак започнаа конотации од ерата на Нацизмот… Прочитајте подетално за што се работи ТУКА.

Компанијата некое време веќе пробува имињата на производите да ги кажува и продава само под Glorious, но официјално денес се најави дека целата комапнија го менува името од „Glorious PC Gaming Race“ во само „Glorious“. Со ова ќе се промени и логото и производите, а компанијата изјави дека нивната веб страна pcgamingrace.com наскоро ќе биде згасната, односно домејнот ќе го нема и ќе си има целосно нов домејн.

„Намерата на овој ребренд е подобро да се усогласи јавното лице на брзорастечкиот стартап со сопствените основни вредности“, се вели во соопштението за медиумите, во кое брзо се истакнува дека основачот Shazim Mohammad имал 24 години кога ја основал компанијата и нагласува дека немал појма за вакво нешто – тој само сакал да си направи нешто повеќе со тој Meme и тој наслов. (Потоа укажува на тоа колку било успешно брендирањето: „Невообичаеното име привлече внимание во преполната индустрија, особено од другите членови на тие онлајн заедници“).

За жал, изгледа дека може да помине некое време пред компанијата навистина да ја отфрли фразата што очигледно добро служеше на бизнисот до денес. Тоа ќе биде „повеќегодишен преоден период“, пишува компанијата, иако лансирањето на нови производи веќе оди на тој начин како што напоменавме и погоре.

Но сепак овде нема да запре ништо и нема да запрат овие ребрендирања. Многу луѓе на интернет некое време ги напаѓаат и Acer за нивните “Predator” наслови. Ние ќе си преќутиме за ова, но сепак еве еден пример од такви на кои што не им се допаѓа тоа…

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.