Пристигна комбото Fallout / Magic: The Gathering

Како што ви е познато уште од текстот од октомври и Magic: The Gathering е планиран дел од моменталната Fallout офанзива, предводена од, за дивно чудо, гледливата истоимена серија. Значи, по играчките и филмските екрани, целата таа апокалиптика во ретро-футуристички стил од 50-тите се појави и на MTG картите, со сите тие мутанти, Nuka-Cola капачиња, радијации, платеници, атомски скривници, зомбија…. земени од сите Fallout игри (од 97-ма па наваму).

Да, Wizards of the Coast воопшто не се срамат да посегнат по било која франшиза и да ја трансформираат во спелови што се плаќаат со мана. Во изминатиов период тоа се случи со Harry Potter, Dr. Who, LOTR, Warhammer 40k и други, а ќе се случува и во иднина со други франшизи, бидејќи пазарот добро реагираше на оваквите продукти, веројатно и поради претпоставката за нивната висока колекционерска вредност во иднина.

Минатиот месец конечно стана достапна Fallout / Magic: The Gathering копродукцијата. Таа е надвор од регуларната линија на продукти спакувани во едиции и се состои од четири тематски шпилови карти (повеќе за нив во претходниот текст) од играчкиот формат Commander:

Scrappy Survivors

Scrappy Survivors

Интересно е како човекот во почетокот на својот планетарен развој се занимавал со собирање, а според авторите на футуристичките дела, изгледа тоа ќе е  примарното занимање и на крајот од неговото постоење на планетава. Собирањето цивилизациски остатоци е главната преживувачка дејност во пост-апокалиптичните светови, а воFallout е една од клучнте активности. Тоа воедно  е и темата на Scrappy Survivors шпилот, во црвена, бела и зелена боја.

Hail Caesar

Се вика шпилот посветен на најсуровата групација од Fallout универзумот – Цезаровата легија, која е најголемата закана за пост-апокалиптичната оаза – Републиката Нова Калифорнија. Шпилот ги потенцира агресивните аспекти на  белата, црната и црвената боја во Magic.

Hail Caesar

Mutant Menace

Пост-апокалиптика без мутанти и чудовишта едноставно не оди. Колку и луѓето да се полоши од нелуѓето во фантазиските постапокалиптични светови, сепак на крајот од денот се луѓе, па макар биле Цезар или Неган. Мутантите од Fallout светот можете да ги сретнете на карти во зелено-сино-црниот шпил Mutant Menace.

Mutant Menace

Science!

Последниот шпил (црвено-бело-син) е тематски сврзан со чудната научничка секта Brotherhood of Steel. Веројатно нејзината функција во поголемата слика на универзумот е да спречи собирањето повторно да стане примарна дејност на човекот, со тоа што ќе го зачува знаењето. Пред се технолошкото знаење.

Можеби не можат у последно време да направат добра видео игра, ама барем ги имаме на меџик карти и имаме релативно добра серија.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Извршниот директор на Електроник Артс, Ендрју Вилсон, неодамна откри дека компанијата гледа на имплементација на динамични реклами во AAA игрите. Ова не е ништо ново за Електроник Артс, бидејќи многу од игрите на компанијата имаа реклами од реалниот свет во текот на годините – концепт кој за EA датира околу две децении.

Сепак, она за што зборуваме овде е познато во бизнисот како „DAI (Dynamic Ad Insertion)” Динамичко вметнување реклами. Ова е поинтелигентен начин за пренесување на комерцијални содржини на корисниците врз основа на нивните навики, историја и интереси.

Реклама за Кока Кола во Battlefield…

Во неодамнешниот повик за заработка, извршниот директор на Електроник Артс зборуваше за темата за имплементирање динамично рекламирање во AAA игрите (без да спомене кои игри ќе бидат тие). Тој изјави:

Advertising has an opportunity to be a meaningful driver of growth for us. We have teams internally in the company right now looking at how we do very thoughtful implementations inside of our game experiences.

Изјава од Ендрју Вилсон

Најдолго време, концептот да се прикажуваат реклами во игри е спор за индустријата. Неодамна, играчите беа изненадени од „инвазивните“ реклами на одредени платформи, при што некои одлучија дека ненадејните реклами на цел екран се добра идеја. Вообичаено, рекламите во игрите се ограничени на билборди, постери и можности за пласман на производи, како што се пијалоците Monster Energy што може да се истурат во Death Stranding на Hideo Kojima.

Сепак, во комбинација со интелигенцијата на DAI, корисниците може многу добро да видат насочени реклами што се појавуваат во нивните игри наскоро. Некои го сметаат за природна прогресија на индустријата, бидејќи приходите од реклами сочинуваат неверојатен прилив на приход за многу вертикали, а ова е само уште еден начин на кој издавачите и програмерите би можеле да се потпрат на нив за да обезбедат повеќе слатки долари.