Поранешни девелопери на Riot и Blizzard работат на компететивна игра со Аниме и Стрип стил

Mountaintop Studios го објави првиот тизер за својата прва компететивна Аниме пукачка игра која што моментално е во рана фаза на креирање. Mountaintop Studios е релативно ново и младо студио формирано во 2020 година од Nate Mitchell, ко-основач на Oculus. Мичел при креирање на студиото најмногу ангажираше бивши работници на Double Fine, Valve, Naughty Dog, Riot Games и Blizzard Entertainment. Сега, студиото има повеќе од четириесетина вработени и напорно работат на развивање шутер за кој се надеваат дека секој би имал околу 10.000 часа играње… Каква желба уште од одма!

Иако Mountaintop Studios Mountaintop кажаа дека работат на оваа игра пред многу кратко време, пред неколку месеци само, студиото веќе има спремено еден краток тизер кој што ни го споделија денес.

Како што можете да видите, видеото ни претставува некои од ликовите и локациите на играта, од кои сите изгледаат прилично Аниме и Стрип инспирирани, со многу стилизирана естетика. Симболите на крајот може да навестуваат различни фракции во играта, а тизерот се чини дека брзо истакнува неколку мапи на кои играчите ќе се пукаат едни со други.

“For the last three years, we’ve been hard at work on our first project, a competitive shooter for those that love the genre. As we shift into production, we’re looking for more talented individuals to join our time of fully-remote veterans. The game is set in a brand new universe, inspired by our favorite comics, anime, and manga. It’s a world where players can build a legacy through teamwork and competition.” 

Изјава од Mountaintop Studios

МАРКЕТИНГ

About The Author

Штотуку беше потврдено кој ќе го игра најголемиот дел од групата пријатели на Аби во The Last of Us за втората сезона која треба да ја видиме во 2025 година. Во моментов, снимањето за сезоната е започнато и најголемите улоги кои се снимаат моментално се со Педро Паскал и Бела Ремзи. Последни информации што знаеме за сниањето е дека се одвива во Канада. Денес, ликовите на Мани, Мел, Овен и Нора беа потврдени дека се избрани.

Ако сте ја играле The Last of Us Part II, ќе знаете точно кои се Нора, Мани, Овен и Мел. Тие играат прилично важни споредни улоги во играта од 2020 година, иако нивното место во втората сезона од серијата допрва треба да се преполни.

Еве го неодамна откриениот кастинг:

  • Manny – Danny Ramirez (Top Gun: Maverick)
  • Mel – Ariela Barer (Marvel’s Runaways)
  • Nora – Tati Gabrielle (Uncharted)
  • Owen – Spencer Lord (Riverdale)