Marvel’s Spider-Man и Miles Morales Remaster верзии доаѓаат на PC ова лето

Spider-Man Remastered доаѓа на PC на 12-ти август. Најавена на PlayStation State of Play, суперхеројската авантура на Insomniac претходно беше достапна како ексклузива за конзоли, но ќе дојде на компјутер за прв пат. Дополнително со нејзе ќе дојде и наследникот “Spider-Man: Miles Morales”.

Spider-Man Remastered ги следи игрите како God of War, Horizon Zero Dawn и Days Gone кои што првично беа ексклузиви за PlayStation, но добиваат и добри PC верзии.

PlayStation очекува да заработи 300 милиони долари од игрите на PC оваа година. Спајдермен сигурно ќе помогне да се погоди таа цел!

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.