Apex Legends Mobile добива потенцијална дата и Pre-Registration опцијата е отворена

Пред само некое време Apex Legends Mobile започна да излегува во живо во одредени региони, но ова лето, многу повеќе луѓе ќе можат да ја играат новата мобилна верзија на познатата Battle Royale игра. Electronic Arts оваа недела објави дека има намера да има “целосно ласнирање ова лето” со отворени предрегистрации за оние кои сакаат да продолжат и да се пријават за можност да играат кога играта ќе биде достапна. Тие пријавувања се достапни само за платформата Google Play во моментов, но сепак Electronic Arts изјави дека наскоро ќе има опција и за iOS системи.

Трејлерот подлу беше објавен оваа недела заедно со ажуриранта страница за Apex Legends Mobile која ги вклучува најновите инфромации за издавање, можностите за предрегистрација и многу повеќе. За оние кои го следат заедно со Apex Legends Mobile откако беше најавена играта и во текот на нејзините различни тестови, голем дел од инфромациите таму можеби веќе се познати.

Сепак, некои нови инфромации вклучуваат можности за награди за оние што ќе се регистрираат однапред. Наградите за предрегистрација се прилично популарен тренд а мобилните игри да привлечат интерес пред да започнат игрите, а истото се случува со Apex Legends Mobile

Apex Legends е целосно за славење на својата заедница и наградување на вашата посветеност. Колку повеќе, толку подобро – буквално! Како што ги погодуваме целите за предрегистрација, ќе нудиме се поголеми и поголеми награди на играчите кои ќе се приклучат на мобилната игра. поканете ги вашите пријатели однапред да се регистираат кај вас и подгответе се да се собереме преи ланисрањето!

Сајтот на Apex Legends Mobile

Во моментот за играта се пререгистирани околу 8 милиони играчи што сакаат да играат Apex Legends Mobile што значи дека веќе ги заработиле речиси сите нагрдари наведени на страницата. Тие вклучуваат значка на основачот, рамка за банер и поза за банер за Bloodhound и епски скин за R-99. Последната награда што треба да се заработи е Epic Bloodhound скин достапен на 10.000.000 предрегистирани, иако со тоа колку брзо се акумулира регистрираната, не би било неочекувано да се додадат повеќе награди во иднина. Бројачот се ажурира на секои седум дена, така што веројатно е веќе далеку понапред од она што моментално се чита.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!