Genshin Impact Version 2.6 – Нови карактери, дата на започнување и кодови за користење

Новата верзија од популарната игра Genshin Impact V2.6 го носи името “Zephyr of the Violet Garden” ќе го донесе во играта шефот на кланот Kamisato – Kamisato Ayato. Заедно со него доаѓаат многу дополнителни содржини како например сосема нова област во регионот на Liyue кое ќе го носи името The Chasm. Во играта доаѓа нов Archon Quest кој ќе сподели повеќе од приказните за патниците близнаци и Khaenri’a и нов фестивалски настан во регионот на Inazuma. Hoyoverse, новото име на издавачите Mihoyo, објавија детали за следното ажурирање на Genshin Impact и со тоа ја прикажаа и датата кога да ја чекуваме новата верзија од играта. Genshin Impact Version 2.6 ќе започне на 30ти март.

Играчите конечно ќе го добијат Ayato во 2.6 кој што е еден од најочекуваните карактери кои што се чекаат да излезат. Првпат офицјално откриен во февруари, Ayato е 5-Star карактер со елемент на Hydro (вода) и кој како оружје има обичен меч. Стримот го прикажа неговиот официјален гемплеј за како може да се игра карактерот. Видовме дека неговиот elemental skill може да го дуплира карактерот. Неговиот Burst напад направи кружно поле кое напаѓа со Hydro елемент.

Во придружба на Ayato е новиот виличествен фестивал Idorodi Festival кој го носи името “Hues of the Violet Garden”. Настанот е сличен на обредот Lanturn Rite. и ќе донесе листа со четири мини-игри што играчите треба да ги завршат за да добијат покана за малолетникот Galant, Xingqiu. Покрај овие игри, играчите ќе видат некои познати лица од претходните региони како Klee, Albedo, Sayu и Venti во текот на целиот фестивал.

Верзијата 2.6 воведува нов регион на Liyue нарачен The Chasam. Со него, доаѓа нов Archon Quest со Dainsleif кој што ќе се вика “Requiem of the Enchoing Depths” кој ќе се нурне во врската помеѓу патувачките близнати и Khaenri’s. Снимките од областа покажаа мрачен и огромен подземен свет кој изгледа како некогаш да бил рудник. Додека играчи го истражуваат, ќе треба да користат специјална ставка наречена Lumenstone Adjuvant за да се движат по темните пештери.

Покрај големите ажурирања, Genshin Impact ќе донесе и нов настан за готвење кој ќе се вика “Spices from the West”, нов предизвик настан каде што го проучувате кристалите и нови функции за оптимизација што ќе го олеснат пристапот до архивата на упатствата и ќе донесат квалитет на живот. И за крај се најави дека Hoyoverse ќе направат многу поголеми подобрувања за мобилен и ќе го издадат вториот дел на саундтракот на Inazuma.

Доколку сакате да добиете неколку работи за внатре во играта може да ги искористите овие 3 кодови до 18ти март. Треба да бидете брзи:

  • AB7CKBVQULE5
  • 3TPUKSV8C5X9
  • UT7C2TD8C5ZD

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN