Продажбата на Final Fantasy 16 не ги исполни високите очекувања на Square Enix, ијзави претседателот на студиото Takashi Kiryu.
Минатата недела беше објавен најновиот извештај за заработка на компанијата и додека нето-продажбите се зголемија, оперативниот профит падна за 79% од 14,4 милијарди ¥ (нешто помалку од 100 Милиони Долари) на само 3,0 милијарди ¥ (околу 21 милион Долари). Овие продажби се класифицирани во Јапонски Јен бидејќи студиото се сепак од Јапонија и Извештајот за Заработка е претставен во Јени а не Долари или Евра.
За време на повикот до аналитичарите по заработката, Kiryu изјави дека високите очекувања на компанијата не се исполнети и бавното усвојување на PlayStation 5 е ограничувачки фактор, пишува Bloomberg.
Final Fantasy 16 беше објавена како PS5 ексклузива, но се очекува да дојде и на PC во блиска иднина. Square Enix сега ќе преземе чекори за да ја зголеми продажбата на играта сега кога снабдувањето со хардвер е помалку ограничено и базата на корисници на конзолата продолжува да се шири. Нето-продажбата на компанијата за HD игри се зголеми, благодарение на лансирањето на Final Fantasy 16 и Pixel Remasters, иако оперативните приходи беа намалени поради трошоците за развој. За ММО, нето-продажбите се намалени во однос на претходната година. Сепак, ова се должи на успехот на експанзијата Endwalker на Final Fantasy 14 минатата година; оваа година ќе биде затишје во продажбата пред проширувањето на Dawntrail следната година.
Како резултат на нискиот профит, акциите паднаа за дури 15 проценти во Токио, при што акциите се тргуваат на околу 5.620 ¥ (0.040 долари) – најниско ниво од мај минатата година. Во претходната изјава минатиот месец, Square Enix рече дека продажбата на играта била „исклучително силна“, надминувајќи 3 милиони единици ширум светот за помалку од една недела.
“Taking into consideration the sales figures of the acclaimed Final Fantasy 7 Remake and the difference in size of the install base of the PlayStation 4 at the time of this title’s release, we can see that the attach rate of Final Fantasy 16 is considerably high, given the PS5 install base.
Square Enix considers the initial sales results of Final Fantasy 16 to be extremely strong, and we will continue to carry out a wide range of initiatives to encourage even more people to play the game.”
Изјава од претседателот на Square Enix, Takashi Kiryu