Официјално Microsoft од денес се сопственици на компанијата Activision Blizzard

По речиси две години, XBOX и Microsoft конечно официјално ги купија Activision Blizzard. На почетокот на 2022 година, Мајкрософт исфрли огромна бомба од информација со тоа што објави дека ќе потрошат ‘само’ 70 милијарди долари за да го купи издавачот на Call of Duty, Activision. Аквизицијата сега е најголемата зделка во историјата на индустријата за игри и Microsoft ќе преземе огромните франшизи како World of Warcraft, Overwatch, Call of Duty и многу повеќе. Секако, со таква моќ, многу луѓе беа скептични за договорот. Регулаторите, политичарите, па дури и гејмерите, сите внимателно го испитуваа договорот бидејќи се плашеа дека ќе му даде на Мајкрософт премногу голема предност и тие би можеле да направат игри како Call of Duty ексклузивни за XBOX. Мајкрософт се бореше напорно во текот на минатата година и половина, дури и отиде дотаму што склучи договори со PlayStation, Valve и Nintendo кои потврдија дека Call of Duty ќе биде достапен на платформи што не се Xbox во годините што доаѓаат.

Со сето тоа кажано, по сите видови на пречки што требаше да се надминат, Мајкрософт победи! Последниот преостанат регулатор, Британската CMA, го одобри договорот оваа недела. Откако тоа се случи, Мајкрософт доби зелено светло да го затвори договорот и да ја пречека Activision под својот чадор. Договорот е официјално склучен и сега, Мајкрософт во голема мера може да прави како што сака со Activision.

“For the millions of fans who love Activision, Blizzard, and King games, we want you to know that today is a good day to play. You are the heart and soul of these franchises, and we are honored to have you as part of our community. Whether you play on Xbox, PlayStation, Nintendo, PC or mobile, you are welcome here – and will remain welcome, even if Xbox isn’t where you play your favorite franchise.”

Изјава од Генералниот Директор на XBOX Phil Spencer

Кога ќе дојдат Call of Duty на XBOX Game Pass?

Како што може да очекувате, игрите на Activision сега може да се префрлат на XBOX Game Pass. Сепак, ова е малку процес. Activision потврди дека ќе започне да ги прави своите игри достапни на Game Pass во текот на следната година, но исто така изјави дека Call of Duty: Modern Warfare 3 нема да биде достапен на услугата оваа година. Ова е уникатна ситуација бидејќи сите игри направени од компании во сопственост на Xbox се достапни на Xbox Game Pass на првиот ден. Сепак, постојат постоечки договори со Sony кои треба да се почитуваат за Call of Duty и ова исто така ќе биде огромна промена во последен момент во плановите за издавање за она што најверојатно ќе биде најголемото издание во 2023 година.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!