Games Workshop од ново ќе ја издадат првата верзија на Warhammer 40.000

Games Workshop ќе го препечати од ново и повторно ќе го издадат оригиналното издание на Warhammer 40.000. За 30-годишнината од воената друштвена игра, уште во 2017 година се случи ова одново издавање, но го направија достапно само во Warhammer World во Нотингем. Многумина немаа шанса да отпатуваат до таму и да си земат една едиција, па затоа за сите сега ќе биде многу повеќе достапно.

На неодамнешниот преглед на новите изданија, Games Workshop објави дека препечатеното прво издание на Warhammer 40.000: Rogue Trader Rulebook ќе биде достапно преку печатење по барање, а нарачките може да се направат помеѓу 14 и 23 октомври. Секој кој ќе си нарача една копија таа ќе му стигне по карго во период од 180 работни дена. За жал нема да одите например во Гоблин Друштвени Игри и да си ја купите од таму.

Првата верзија на Warhammer 40.000 излезе во 1987 година и на некој начин беше сосема поинаква од сегашното 10-то издание. За почеток, тоа беше игра со улоги колку и воена игра, со претпоставка дека трет играч ќе го преземе делот од „гејмсмастер“ кој ги толкува правилата, го претставува сценариото и зема дел од сите независни сили на бојното поле. Битките беа на ниво на одред, со значително помали војски и претпоставка дека би користеле токени или какви и да било минијатури при рака, бидејќи во тој момент постоеле толку малку официјални мини.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN