Elden Ring Theme во 15 различни музички жанрови

Доколку не ви е доста од Elden Ring или неговиот саундтрак, музичкиот продуцент и јутубер Alex Moukala објави кавер верзија на главната композиција на Elden Ring која кружи низ 15 различни музички стилови, почнувајќи од класична шпанска гитара до темен синт, симфониски метал и многу повеќе.

Moulaka рече дека видеото е инспирирано од Marvel’s Doctor Strange in the Multiverse of Madness, при што музичарот споил два од најголемите моменти од поп културата во 2022 година за да праша „што ако Elden Ring се случуваше во мултиверзум каде што жанрот на играта (и неговиот саундтрак) продолжат да се менуваат?”

Резултатот ни дава 15 многу различни сфаќања за тематиката на играта, иако како што истакнаа коментаторите, некои од нив треба да се направат во многу подолги верзии! На Twitter, Moulaka рече дека видеото е инспирирано и од видеото од 2021 година на продуцентката Aurora Australis кој направил сличен кавер на класичната песна Final Fantasy VII One-Winged Angel во 32 различни музички жанрови.

По долгогодишно исчекување, Elden Ring стана една од најуспешните игри во 2022 година досега, со повеќе од 13 милиони продадени копии до крајот на март. Сега е за некое милиочнче повеќе.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”