Во изработка е продолжение на God of War

Според еден од најпозантите луѓе во индустријата на гејмингот кој си го изгради името со тоа што правење протекувања на многу инфомрации дознаваме дека студиото Santa Monica – тимот одговорен за серијата God of War – работи на продолжение на God of War Ragnarok, меѓутоа, во моментов не е навистина јасно дали е тоа само DLC за играта PS5 и PS4 од 2022 година или „полупродолжение“, што ќе каже нешто повеќе слично на самостојна експанзија. Изгледа дека God of War ќе го добие третманот кој што го добие Marvel’s Spider-Man со играта Marvel’s Spider-Man: Miles Morales.

Протекувањето на оваа информација доаѓа од ViewerAnon на Твитер, личност кој што 99% од времето ги дава точните информации. За жал, тие не кажуваат многу повеќе. Нема информации за датумот на објавување, дали PS4 ќе биде отфрлен или не, или кога би можело да се открие.

PlayStation се повеќе и повеќе експериментира со она што многумина го нарекуваат „полупродолжение“ или самостојни проширувања. Последните примери за ова се Uncharted: The Lost Legacy, Infamous First Light и Marvel’s Spider-Man Miles Morales. Причината зошто тие се нарекуваат полупродолженија е затоа што тие се многу повеќе од само DLC или дури и проширување, но обично се многу слични на производот што го следат, полесни за содржината, поевтини за правење.

Дури и ако ова протекување е точно, не значи дека ќе остане така бидејќи сè може да се промени. Досега, ниту PlayStation, ниту студиото Santa Monica, ниту некој кој е вмешан во нив, не ја коментираа оваа гласина. Не очекуваме дека ова ќе се промени поради неколку причини, но ако се случи, сигурно ќе ја ажурираме приказната соодветно.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN