PlayStation Plus Игри за месец Мај: GRID Legends, Chivalry 2 & Descenders

PlayStation ја потврди следната серија бесплатни игри за претплатниците на PlayStation Plus. Членовите на PS Plus во сите три нивоа ќе можат да ја преземат оваа тројка на игри во мај 2023 година: Grid Legends, Chivalry 2 и Descenders. Сите три игри ќе бидат бесплатни за претплатниците на PS Plus почнувајќи од 2 мај. Прво одиме сите на скара после гејмаме!

Фановите на трките и возењето дефинитивно ќе сакаат да ја изиграат Grid Legends. Објавена минатата година, најновата Grid игра на Codemasters (петта во франшизата) е веројатно најдобрата досега. Grid Legends има режим на Cinematic Story Mode, Multiplayer со повеќе видови за до 22 играчи и пакет кој што ви дава опција да си правите и ставате песни. Добро е да се провери без разлика дали сте тврдоглав љубител на трки или обичен играч, бидејќи играта е хибридна тркачина со аркадни симулации. И двете верзии на PS5 и PS4 на Grid Legends ќе бидат достапни.

За љубителите на екстремни спортови, Descenders вреди да се игра во мај. Игра со велосипеди која што има многу едноставна причина зошто да ве повлече да ја играте – Возите Велосипед Брзо! Многу брзо! Оваа игра со планински велосипеди има процедурално генерирани патеки за да ги одржува работите свежи, а самиот велосипед исто така има специјални пермутации и надоградувања. Descenders е забавна тркачина (исто како Grid Legends) без разлика дали играте соло или со пријателите онлајн. Таа е исто така една од оние спортски игри во кои е прилично лесно може да се влезе, но мора да одвоите време за навистина да го совладате неговиот уникатен стил.

Во меѓувреме, Chivalry 2 е сосема поинаков вид на игра со повеќе играчи. Играте како средновековен воин низ огромни арени (бојни полиња) со 64 играчи. Игра во прво лице, Chivalry 2 е брза и крвава игра која содржи повеќе од 30 различни оружја, разновиден систем на класи и подкласи. Да, можете да ги газите вашите противници на коњ! Е тоа е лудилото!

МАРКЕТИНГ

About The Author

Уште од Златната Доба на аркадните игри, Ранглистите за гејмерите се многу битна работа! Целта во играњето на аркадна игра во играчница, не беше само да ја завршиш играта со еден жетон од почеток до крај, туку беше уште побитно твоето име/прекар да биде на прво место кога играта ќе заврши (освен за Cadillacs and Dinosaurs, ја завршив со еден жетон и 2 животи фазла на крај).

И кога никој нема да ја игра аркадата, и гледаш на дното како трепка “Insert Coin“, тебе ти се праве ќеф кога ранглистата ќе се појави со твојто име на прво место…. Гордост заработена со 5 денари и забава, па другарите нека се мачат да те симнат од тронот.

Ранг листа од Ретро Игра

Аркадните ранглисти беа медиум за споредба на постигнувањата на еден гејмер со друг, без разлика дали е гејмерот е машко, женско, првооделенец, матурант, братучед на гости од друг град/село итн. Во тоа време имаше случаеви кога дојде некој братучед-на-некого од друг град/село, праве high score и си заминува оставаќи други смртници да се мачат да го симнат од 1во место.

Некој аркади можеше едноставно ги исклучиш од штек и се се рестартира (ама да не те виде бато/чичо Столе шо продава жетони…оти!)

Сите тие ранглисти еволуираа во Online Leaderboards, и тие моментално даваат подетална споредба на на гејмери во форма на достигнувања, трофеи или беџови. На времето, се знаеше одприлика колку време ќе ти треба и што треба да направиш за да бидеш на прво место на Sunset Riders; сега е мааалку потешко. Како?

Моментално, одредени трофеи бараат време (пари не, бидејќи си ја купил играта). За некој со послободно време (тинејџер, пример) многу побрзо ќе го добие трофејот во споредба со некој со помалку слободно време (Кога децата сакаат да гледат Бејби Шарк на Јутуб, пример). За овие ветераните малку ќе се помачат за Платинум трофеј.

Гејмер кој направил некој успех

Скоро половина од трофеите на некоја игра бараат да ја изиграш играта барем уште 3-4 пати, да фармаш 5-6 саати и да слушаш GG Подкаст во позадина итн. И тука се појавува една желба да ги споредуваш твоите трофејски постигнувања со тие на твоите пријатели. За мене, најубаво е кога се споредуват број на Платинум трофеи и другите соодветни achivements на други конзоли.

Тука не е важно колку време си ја играл играта и дали има поентира во играта, битно е дека си се посветил да ја изиграш играта комплетно, и си ги победил сите предизвици (без разлика дали си направил “повикај пријател“ или не, али за тоа у друга колумн).

Ранг листа од Ретро Игра

Бркање прво место на некој Online Leaderboards не е баш балансирано. Тука веќе родител-гејмер тешко дека ќе котира во спореба со некој ерген или тинејџер со повеќе слободно време. И гејмерите не треба да си ставаат на срце, и да се демотивираат, бидејќи не можат да рипнат погоре на листата. На таквите листи секогаш има некој шо имал можност да посвети повеќе време од тебе за да биде меѓу првите 5. И секогаш има некој што F1 ja игра со волан и педали, а ти со гејмпад, и трката баш и не е фер.

И секогаш ќе има некој што левелирал повисоко бидејќи имал време, ама ти тоа време си бил во кафана со другарите.

За да се сите овци на број, и сите да сме кефни кога се споредуваме, постои опција да се формират приватни групи. Така татковицте нека се договарат меѓу себе после 22 часот од кога ќе заспијат децата, па нека се рангираат меѓу себе колку сакаат, во било која игра; а тинеџерите и ергените нека играат како татковциte на времето – додека не те изгрее сонцето.

Важноста на Пријателите Гејмери

Friends Groups, што се создаваат приватно помеѓу другари од времето на Аркадите, или од времето на студентски денови коа се играше CS насекаде – се борба да се биде “голема риба во мало езерце“.

Тука немаш потреба да се натпреваруваш со некој што има на располагање цела вечер за гејмање, туку се натпреваруваш со колегите од работа, колегите од факултет … и сите меѓусебе знаете кој колку слободно време има за гejмање. А и комуницирате аудио цело време, така да “Бастинг Болс” станува терапија и зајакнување на пријателство.

На тие членови во групите мнооогу поважно и е како рангираат во нивната група во одредена игра, одколку како рангираат на светско ниво. Тоа е исто како на времето кога се знаеше кој ги крше сите на Табла (со зарови) пред зграда цело лето; и кој само прави “хант“ на сите партии … и сите тогашни гејмери (да, и таблашите и ханташите се гејмери) упорно играа за да го симнат Трајче од тронот на “локален таблаш“ шо се прче пред сите.

Пријатели Гејмери

Али колку и се прче некој дека е набољи у Табла, или во денешно време во Group List, сите заедно создаваат една прекрасна средина за социјализирање, со спомени што остануваат “од сад, па наље, и будуче“.

Заклучок

Рангирањето треба да се гледа како поттик да станете подобри во играта, а со тоа во позадина да научете животна лекција како да “буткате напред“. Како треба да се потрудите малку повеќе за да ја постигнете целта.
Да, бидете први на ранглистата, и ќе го имате секое право да кажете дека сте најдобар во таа игра, ама секогаш ќе има некој што ќе ви дише во врат за да ве симне од тронот. И тука имате ситуација кога бројот 1 се обидува да остане на врвот, и гладни гејмери кои го сакаат тоа место.