Протекоа информации за Left 4 Dead 3

Играта Left 4 Dead 3 изгледа дека конечно ќе се случи и ќе ја видиме, и тоа доаша од новите протекувања што се случија. Valve се едни од најомилените и иновативните развивачи на видео игри во светот. Half-Life, Portal, Dota, Counter-Strike и многу други фантастични игри беа создадени од умовите кои што работат таму со години. На почетокот до крајот на 2000-тите години Valve изгледаше дека што и да направат не можеа да грешат, тие едноставно беа во златното време. Сепак, по Portal 2, Valve во голема мера престана да прави големи нови игри. Има неколку забележителни исклучоци, но во споредба со другите девелопери, тие ретко прават нови игри и тоа фрустрира многу луѓе кои чекаат продолженија на некои од тие иконски франшизи. Неодамна, Valve потврди дека Counter-Strike 2 ќе излезе ова лето (и покрај тоа што всушност не е втора Counter-Strike игра), што беше шок за многу луѓе!

Во тек е и бета верзија за Counter-Strike 2 додека зборуваме, иако во голема мера е ограничена на најголемите стримери таму. Со тоа, протече бета за луѓето да можат да ја играат играта во офлајн режим со ботови и да си играат со новите промени и да копаат низ датотеките. Корисникот на Reddit, PaP3s, најде спомнување на Left 4 Dead 3 во датотеките за Counter-Strike 2 и иако тоа може да биде чудно место за него, тоа не е невообичаено. Луѓето можеа да најдат елементи на Grand Theft Auto V во Max Payne 3, на пример, а понекогаш напуштените идеи се собираат во нови проекти. Тоа е навистина сè што постои, нема никакви детали надвор од тоа, но сугерира дека Valve би можел да работи на тоа.

Со години се шпекулира дека играта се правела во еден момент, иако била укината поради различни причини. Како што е забележано од корисникот на Reddit, Master_Frag:

“L4D3 was in production before Source 2 was even close to feature complete, and shelved for that reason, so this could just be an old reference. But maybe it’s restarted development? I’ll not hold my breath.”

Source 2 е новиот енџин на Valve, па можно е овој скок во технологијата да му овозможи на Valve можност да ги произведе продолженијата што луѓето ги посакуваа. Сепак, тоа навистина останува да се види.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!