Valve Официјално ја Претстави “Counter-Strike 2”

Counter-Strike 2 беше официјално претставена од Valve, игра која е претставена како еволуција на она што веќе се смета за еден од најпопуларните (ако не и најпопуларната) FPS шутер на сите времиња. Оваа нова верзија на Counter-Strike се состои не само од голем број ажурирани функции, туку треба да биде „ремонт на секој систем, секоја содржина и секој дел од искуството C-S“, изјави Valve. Неколку од тие ажурирани функции беа прикажани во новата игра заедно со најавата и откривањето на ограничен тест што започнува денес. Самата игра е планирана да излезе во текот на летото и ќе биде бесплатна надградба за оние кои поседуваат Counter-Strike: Global Offensive.

На откривањето на Counter-Strike 2 му претходеа голем број на закачки и ажурирања преку Steam кои навестија таква најава. Неколку видеа кои разговараат за Counter-Strike 2 беа во живо во средата на каналите на Valve на YouTube, а набргу потоа, официјалниот профил на Твитер Counter-Strike започна да твита за новата игра и да споделува повеќе детали.

На новата страна поставена за играта, Valve ја нарече „најголем технички скок напред во историјата на Counter-Strike“. Подобрувањата на работите како што се Tick-Rates, мапите и димните гранати беа прикажани во некои од видеата откриени во средата. Valve вели дека ова е само вкус на ажурираните функции на играта, но ограничениот тест во живо оваа недела ќе им овозможи на играчите да ги испробаат од прва рака.

“All of the game’s new features will be revealed when it officially launches this summer, but the road to Counter-Strike 2 begins today as a Limited Test for select CS:GO players. During this testing period, we’ll be evaluating a subset of features to shake out any issues before the worldwide release.”

Добивањето пристап до овој тест очигледно не е толку лесно, не е само да се пријавите со мејл… Valve вели дека избираат луѓе врз основа на фактори како што се неодамнешното време на игра, „факторот на доверба“ и состојбата на вашата сметка на Steam. Ако сте избрани да учествувате во тестот, ќе добиете известување во менито CS:GO. Ќе се додадат повеќе играчи со текот на времето, па можеби нема да влезете веднаш.

“The Limited Test only evaluates a subset of Counter-Strike 2’s features, so that major issues can be resolved before the summer. But there’s much more to come. In just a few months we’ll reveal all of the details of Counter-Strike 2, and we can’t wait to share it with you.”

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!