Resident Evil 4 Remake со Нов Трејлер и Многу Изненадувања

Sony прикажа нов трејлер за Resident Evil 4 Remake на најновиот State of Play и тоа е одлично. Сега, трејлерот е под следниот пасус и знам дека сакате да прескокнете веднаш и да го гледате, но сепак, дозволете ми да ви ги дадам брзите новости и изненадувања…

Luis е присутен повеќе од играта сега – тој е прикажан со Leon во делот со рудникот (исто така го гледаме и делот со рудникот) – добиваме краток преглед на борбата со Krauser, подетални погледи на борбата, доцниот дел од играта тоа е целосен Call of Duty моемнт (што е и отсекогаш било добро), неколку кратки погледи на деловите на Ashley и закачка за Платениците. Ајде сега гледајте и уживајте!

Играта излегува на 24ти март 2023 на сите платформи!

МАРКЕТИНГ

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.