Project Q – Убиецот на Fortnite и Overwatch од Ubisoft?

Ubisoft официјално ја најави нивната нова игра – Project Q која што минатата година ликна во јавност со неколку Codenames, но официјално играта ќе го носи името Project Q!

Минатата година во септември на Nvidia’s GeForce Now излезе листа за кои игри може да ги очекуваме наскоро за PC и една од неколкуте беше оваа. Како што извести Eurogamer тогаш, Project Q беше една од четири Codenames игри на Ubisoft. Веднаш по објавувањето на листата во јавност Ubisoft ги пријавиле во DCMA (Defense Contract Management Agency) веднаш да се тргне листата.

Ова беа сите Codenames:

  • Project Meteor by Ubisoft Sofia
  • Project Q by Ubisoft
  • Project OVER by Ubisoft Paris
  • Project ORLANDO by Ubisoft Ivory Tower

Францускиот издавач го потврди постоењето на Project Q на Twitter, наведувајќи дека играта е во ран развој и дека играчите можат да се регистрираат за тестирањата што следат. Временската рамка за овие тестови е непозната. Ubisoft дополнително нагласи дека оваа игра (наводно) нема да биде Battle Royale туку ќе биде нешто како што е Overwatch, Paladins, Smite итн. Исто така, се наведува дека нема планови да се додадат NFT’s во играта, што е очигледно загриженост со оглед на ентузијастичкиот упад на Ubisoft во концептот со својата лошо прифатена Quartz платформа. Денес веќе стана тренд да се наведва дали ќе се става NFT’s во игри или не… А тоа дека нема да биде Battle Royale, веднаш кажува дека играта иде натака.

Исто така протекоа снимки од плејтестови на играта од Exputer. Се прикажуваат неколку рунди од играта. Изгледа како Fortnite и Overwatch да решиле да имаат дете и тоа да им било само некој проект. Paladins на двете игри да им бил некој што ќе помогне во правењето на проектот. И тоа на крај било крстено Project Q. Забавна приказна.

Според сајтот за регистрација на играта, играта ќе дојде на PlayStation 5, Xbox Series X/S, PlayStation 4, Xbox One и PC преку Ubisoft Connect. Но се уште нема дата кога да ја очекуваме играта. Сепак се работи за проект во рана фаза.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

АСУС преку медиумот The Verge го претстави нивниот нов уред, односно следната генерација на рачната конзола – ROG Ally X. Следниот рачен компјутер од компанијата кој се чини дека ќе се натпреварува со Steam Deck на Valve. Новиот уред треба да биде лансиран подоцна во 2024 година, односно пред крајот на оваа година.

Иако некои можеби ќе сакаат да го наречат ROG Ally 2, овој рачен уред не е тоа… ROG Ally X ќе го има истиот чипсет AMD Z1 Extreme како и оригиналот, како и истиот VRR екран од 48-120Hz.

Она што се разликува од првиот уред на РОГ е во траењето на батеријата бидејќи уредот ќе има поголем пакет батерии во рачната опрема. Исто така, ќе има повеќе меморија во споредба со 16 GB во оригиналот, како и подолг слот M.2 2280 за повеќе опции со M.2 погони.

Што се однесува до целосните спецификации за уредот, тоа ќе дојде на подоцнежен датум поблиску до лансирањето. И на крај, кога станува збор за ROG Allly 2, тој уред нема да дојде, изјавено од Asus, додека компанијата не може да им понуди на играчите големо подобрување во однос на оригиналот.

Целосното откривање на ROG Ally X ќе дојде на 2 јуни, според Asus.