Првата вечер на Gamescom нормално не помина без Star Wars, па оваа година беше потврден и ремастерот на играта Star Wars: Dark Forces, FPS од далечната 1995 година.
Nightdive Studios најави ремастеризирано издание на овој класик што ќе биде обработено во нивниот KEX енџин и ќе поддржува 4K120FPS. Ќе бидат додадени трофеи, ачивменти и подршка за новите контролери на конзолите.
Играта излегува подоцна оваа година за PlayStation 5, Xbox Series S|X, PlayStation 4, Xbox One, Switch и PC, а објавен е и првиот трејлер.