Најпознатиот лик од серијалот на GTA – CJ е додаден во новата MEKA игра на FromSoftware во рекордно време
Стана традиција во последните неколку години, модерите да го ставаат Карл Џонсон од Grand Theft Auto: San Andreas во сите можни игри каде што имаат шанса за модирање. И со најновата игра на FromSoftware – Armored Core VI, не требаше долго некој да го додаде CJ. Всушност, тоа се случи за помалку од 24 часа… Нема ништо подобро!
Armored Core VI е првиот влез во мека франшиза на FromSoftware по повеќе од една деценија. И играта после толку чекање е предобра! Да не се лажеме, играта е специјално направена после огромниот успех кој што го имаше Elden Ring, но може да се каже дека тој хајп е започнат после Sekiro: Shadow Die Twice. Играта всушност има големи инспирации од соулс жанрот што се гледа во играта и се ставени бидејќи се работи за франшиза која што до пред Соулс франшизата беше само за ниш публика. Но, секогаш има простор за подобрување.
Благодарение на брзата работа на модерот на FromSoftware и YouTube-рот Dropoff, Carl Johnson од Grove Street може да се игра во Armored Core VI. Иако, ух… не можете да споредувате МЕКА со Човек… Имате голем Робот и после го имате CJ како е развлечен да личи на некој заебан експеримент од Cyberpunk. Но доколку се прави GTA: San Andreas 2, дефитнитивно ова би било тоа!
Како што споменав погоре, да се додава CJ во сите можни игри сега стана традиција и буквално движење… Благодарение на модерите, познатиот гангстер на Rockstar се појави во римејкот на Zelda, Elden Ring и Resident Evil 2, и во сите игри само неколку дена по нивното издавање. Некој дури ја замени мачката во Stray со CJ, тоа беше хорор!
Сега малку лоши вести… Во моментов, модот CJ за Armored Core VI не е достапен за преземање никаде, вклучувајќи ја и страницата за модови на Dropoff на Nexus. За жал Dropoff (со помош на modder TKPG) можеше да го додаде CJ во најновата игра на FromSoftware за помалку од 24 часа, но за жал за сега можеме само да го гледаме. Се надеваме дека наскоро ќе можеме да се качиме на небото и да умреме 30 пати од џиновски роботи како CJ!!!