Microsoft сакаат да ги купат Square Enix

Додека Мајкрософт го брани предложеното купување на Activision Blizzard на суд, преку судски документи беа откриени многу внатрешни информации за индустријата за видео игри. Ова ги вклучи компаниите што Мајкрософт размислувале да ги купат; меѓу откриените беа и Square Enix, компанијата зад франшизите Final Fantasy, Dragon Quest и Kingdom Hearts. Предложената понуда беше со кодно име „Проект Феникс“ и апелот за Мајкрософт беше дека можеше да и помогне на компанијата во Јапонија, каде брендот Xbox историски се мачеше. Како и со другите предложени аквизиции, Мајкрософт неизбежно одлучи да погледне на друго место, поради една или друга причина.

Документите на Мајкрософт забележуваат дека имало неколку различни причини поради кои овие предложени аквизиции не отишле подалеку од фазата на концепт. Најверојатното објаснување од документите на Мајкрософт е „културно вклопување“. Тешко е да се замисли јапонска компанија како Square Enix да има желба да се согласи на купување од компанија како Microsoft. Сквер Еникс, исто така, има долга историја со PlayStation и Nintendo, и веројатно немаше да има никаков интерес за овој тип на предлог. На крајот на денот, сето тоа е спорна точка, бидејќи Мајкрософт се понуди за Activision Blizzard, наместо тоа.

Откако влезе на пазарот на конзоли, Мајкрософт имаше потешко време да најде следбеници во Јапонија отколку на кое било друго место. Преносливите платформи на Nintendo имаат тенденција да работат доста добро таму, а успехот на Sony со јапонските издавачи како Konami и Capcom му даде на PlayStation исто така силна основа. Доколку Мајкрософт го купи Сквер Еникс, ќе беше интересно да се види какво влијание би можело да има врз индустријата како целина.

Доволно интересно, како што забележува Том Ворен од The Verge, листата на предложени аквизиции на Мајкрософт не требаше да биде јавно објавена. Таа информација требаше да биде редактирана, но на крајот беше јавно обелоденета. Ова всушност се случи и со PlayStation како дел од овој случај, бидејќи цената на развојот на Horizon Forbidden West беше откриено дека изнесува 212 милиони долари.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!