Evil West Рецензија – Van Helsing пристигна во Мрачниот Запад

EVIL NEVER SLEEPS… BUT IT BLEEDS

Кој би рекол дека фраерите од Полска – Flying Wild Hog и фраерите од Франција Focus Entertainment можат да земат концепт како што е Van Helsing, да го комбинираат со еден од најмрачните периоди на Американската историја, и да направат една многу интересена шутер игра! Van Helsing го прави истото што си го прави и во Трансилванија, но сега е Каубоец кој лови вампири и мал број на други чудовишта!

Лошиот и Мрачен Запад

Evil West е поставена во алтернативна верзија на Дивиот Запад во периодот на 19ти век каде што вие играте со протагонистот Jessie Rentier кој доаѓа од фамилијата Rentiers најпознати по тоа што се ловци на вампири и мрачни суштества. Фамилијата Rentier пред многу години го направила институтот за ловци на вампири кој што моментално е под водство на William Rentier, таткото на Jessie. Целиот институт е направен со една цел, а тоа е да ги уништи сите суштества кои што се шетаат низ континентот и нормално да ја спасат Америка пред да биде целосно уништена! Доколку можете да си го замислите Дивиот запад во алтернативна верзија каде што моментално се шетаат вампири и други мрачни суштества, ставени малку Steam-Punk елементи бидејќи со обичен револвер не можете да ловите вампири, и сте фанови на Van Helsing, ова дефинитивно ќе ви направи многу добар вајб!

Приказната е многу едноставна, да не кажеме досадна и веќе видена. Група на Вампири се вмешани во различни експерименти кои што работат на тоа нивната линија на живот никогаш да не згасне и да успеат да ја освојат цела Америка, а потоа можеби и целиот свет. Приказната е раскажана многу лесно и директно каде што има Две Фракции кои што самостојно се борат да се навикнат на животот во овој свет. Интересно е како и за Вампирите Дивиот Запад е навистиона Дивиот Запад! Не се работи само за луѓето кои што се плашат од вампирите и сакаат да ги убијат за да живеат спокојно, туку и самите Вампири сакаат да си ги оправат животите за да можат да живеат како што треба, без да бидат убивани. Приказната е буквално Војна помеѓу Доброто и Злото каде што двете фракции (луѓето и вампирите) се борат за живот! Доколку оваа приказна беше раскажана обратно тогаш Вампирите ќе беа Доброто, а луѓето ќе беа Злото. Но сепак бидејќи ние сме луѓе и на некој начин мразиме вампири, мораме ние да сме Доброто а вампирите да се Злото.

Целиот плот на играта е линеарен од самиот почеток до самиот крај каде што вие ќе се најдете во 16 мисии сместени во широк спектар на различни нивоа и левели. Сите места се уникатни и различни, но сепак се работи за дивиот запад… секаде е буквално истата тематика бидејќи луѓето во тоа време толку знаеле од архитектура и начин на кој што функционира светот. Мало градче, воз, место за копање на нафта, рудници и тоа е тоа… Но сепак добро е што уникатноста е добра и нема да си кажете дека веќе сте биле овде и сте виделе се што има на оваа локација. Освен непријателите, тие се голем проблем бидејќи бројот на непријатели е смешен. Во единствената локација која што ќе се враќате цело време е главниот Институт кој што се користи како HUB. Овде нема да поминувате многу време бидејќи ќе го видите само еднаш и после цело време се ќе е скоро исто. Исто така кога сме кај HUB-от нема да трошите никакво време на начин да му правите Upgrade со тоа што ќе го проширувате или додавате нови работи… Тоа што го имате си го имате, повеќе нема.

Карактерите кои што ги сретнуваме во текот на целата игра се премногу досадни, небитни и никогаш нема да бидат релевантни. Сите кои што сме играле било какви игри сме се споиле барем малку со некој карактер од самата игра. Ако играме Spider-Man сите се спојуваме со Peter Parker и неговото алгер-его. Доколку играме God of War си бираме кој ни е интересен карактер (Kratos, Atreus, џуџињата, боговите ext.). Во Evil West нема ниту еден карактер што остава барем малку внимание и да се каже дека тој некој е подобар од сите и само ради него ќе се присеќам на оваа игра некогаш во иднина. Сите карактери се толку небитни и дводемионзинални што во текот на играта се ставени колку само да имаат некаква улога. Некаква улога на начин Ти си ловец, овој ти е Другар, таа е Докторот, тие таму се чистачите и толку… Не добиваш ништо повеќе од тоа. Доколку сакате пред некоја мисија малку да разговарате со некој карактер, да слушнете што има да каже, да дознаете нешто можеби за него тоа не е возможно. Лимитирани сте само на премал број NPCs со кои што можете да сврзете барем два збора и тоа е тоа. Доколку некој карактер ви изгледа интересно и сакате да дознаете нешто со тоа што ќе направите Interact со него, тоа не го очекувате. Единствениот начин на кој што дознавате работи за карактерите е тоа што низ текот на целата игра има оставено информации во вид на листови и слики (collectables) каде што вие сами ќе треба да ги најдете, да прочитате и тек после да дознаете работи за одредени карактери. Добар начин доколку оваа игра беше мистерија, а не игра каде што во секој момент може вампир да ви влезе дома и да ве убие сите!

Сите Cinematics прават Врвен Филм

Иако раскажувањто на приказната е малку досаден на како се случува сетоа тоа, има само едно нешто каде што раскажувањто на приказната е врвно! Како во премногу игри нормално има нешто што се вика Cinematic и сите тоа го сметаме како нешто што подобро ни ја раскажува приказна и го оставаме контролерот за момент да земеме здив. И во Evil West е буквално исто така, но овој пат го оставме контролерот малку да се воодушевиме во тоа што го гледаме! Луѓето кои што ги правеле овие прекрасни Cinematics треба да добијат некоја награда за како се прави анимација! Во буквална смисла Cinematic во Evil West беа на многу подобро ниво од врвната анимирана серија за League of Legends – Arcane. Доколку ви се допаднаа анимациите во Arcane и бевте и вие воодушевени од тоа што го гледавте таму, дефинитивно и овде ќе го видите тоа на исто ако не и малку подобро ниво. Целата инспирација за играта можеби ја земале од God of War но затоа инспирацијата ја земале од Arcane и не згрешиле ниту малку! Доколку не сте во можност да ја играте Evil West можете само да ги изгледате Cinematics и Cutsceenes од самата игра. Целото видео трае околу 1:40 часа, но сепак е нешто што треба да се изгледа, нема да згрешите. За многу работи можеби не се потрудиле во правење на оваа игра, но сепак навистина се потрудиле во креација на овие врвни делови. Од самиот почеток до самиот крај ќе бидете навистина воодушевени од тоа што гледате, можеби нема да сте воодушевени од играње, но од гледање многу!

https://www.youtube.com/watch?v=xLIBuwGHqz4

Прогресија на Карактерот

Прогресијата на вашиот карактер е многу едноставна и не е ништо ново, сме го виделе во многу игри и подобро е бидејќи не измислуваат топла вода туку го прават тоа со кое што сите се навикнати што за нас како играчи е многу добро и знаеме што треба да правиме. Целата прогерсија во играта се врши со стабилно темпо каде што секој Upgrade на карактерот се случува или во средината или по завршување на мисијата. Некои мисии се подолги некои се пократки што значи дека во некоја мисија можеби да не добиете никаков Upgrade, но на самиот почеток или средината на селдната мисија го добивате сигурно. Односно добивате валута за Upgrade на оружје или само левел за Upgrade на вашиот карактер. Интересно во целата прогресија е што е поделена на два дела како што спомавме. “Perks” кои служат за оружјата и “Upgrades” кој служат за вашиот карактер, односно за начинот на кој стајл сакате да го играте вашиот карактер.

Perks во играта не се толку релевантни бидејќи добивате само зајакнувања на вашите оружја кои што се нормално јачина, брзина, начин на пукање, дали ќе пукаат со струја или само куршуми и такви слични работи. Во делот на оружјата нема да обрнувате толку внимание бидејќи ќе си правите само Upgrades, ќе се чуствувате дека сте појјаки и тоа е тоа. Доброто е во тоа што оружјата ги наоѓате во текот на целата игра и изборот е огромен. Не сте заглавени уште од самиот почеток со одреден број на оружја и до крај знаете дека имате Пиштол и Пушка… Во Evil West ќе наоѓате BluePrints каде што ќе добивате нови оружја. Секое оружје е униктавно и прави нешто спесифично кое што ќе ви биде потребно. Имате работи како Револвери, пушки, Flamethrowers, Machine gun, бомби… Буквално се што можете да си замислите што може да се најде на дивиот запад го има во играта. Но сепак не очекувајте дека кога ќе ги имате сите оружја и сите Upgrades дека ќе бидете многу јаки и ќе демолирате се пред себе! Ќе се соочите со фактот дека користите само неколку работи. Тоа е многу лошо до степен што се прашуваме дали е потребно да има се во оваа игра… Во God of War Ragnarok има само мал број на оружја и знаеме дека толку ни е потребно. Да, таму може комбатот побрзо ќе здосади но сепак знаеме дека тоа имаме и со тоа ќе мора да играме до крајот на играта. Овде имаме многу, но само малку користиме. Доколку успевате се да користите тоа е некој ваш начин на играње, но сепак ви одзема многу време целото менување. Сепак се борите со вампири и суштества, секоја секунда е битна. Посебно ако играте на најтешките нивоа!

Upgrades се се работите каде што обрнувате малку повеќе внимание и ќе биде биде интересно тоа да го правите и гледате цело време. Во делот на Upgrades е нормално обратно од тоа што е во делот на Perks. Ако таму беше за оружја, овде е нормално “Голи Раце и Нозе“. Во делот на Upgrades вие самите избирате на кој начин ќе играте и на кој начин ќе се борите против непријателите. Дали сакате да сте повеќе нападливи, повеќе офанзивни, дали можеби сакате прво да ги станирате непријателите па после да им ги искршите кичмите, се што сакате се прави во делот на Upgrades. Вие си ги избирате целиот стил на кој што ќе ја спасите Америка од вампирите. Интересни напади се кога ќе ги дигнете непријателите во воздху па потоа ги фрлите во некое објектче кое што во Evil West е всушност столб со шилци. Можете исто така да ги фрлите во воздух и потоа да си ги пукате, да си го вежбате пукањето. Цело време во текот на играта добивате мехники што за среќа комбатот нема да ви здосади баш брзо. Иако играта не е многу долга, убаво е направена за да можете секој стил на игра да го пробате додека не ја завршите целата игра.

Комбатот во целата игра е буквално инспириран од почеток до крај од God of War и нормално God of War Ragnarok (нашата реценезија за играта). Доколку сте играле барем една од тие 2 игри или можеби двете, или да биде спесифични ако сте ја играле тазе God of War Ragnarok и оваа ви е следна игра, буквално ќе ви се случи само промена на околината и карактерите. Се што можете да замислите од тие игри е ставено во Evil West… Начин на тепање, брзина, финишери, сличност на непријатели што е малку и тажно да се каже… Овие луѓе или го погодиле времето за вадење на оваа игра или тотално го утнале. Тоа ќе го одреди секој посебно, но според мене времето на вадење на оваа игра е малку утнато. По завршување на врвна игра како што е Ragnarok да се префлиме на ова е малку тажно и многу непотребно. Од врвна игра преминуваме во нешто што сака да биде. Тоа е исто како да сме играле Elden Ring или Bloodborne и следна игра да ни е некоја си WannaBe-Souls игра.

Во играта немате никаков Upgrade во делот на Armor бидејќи кога сте каубоец од дивиот запад не можете на почеток да носите кожњак а после да изгледате како робот, нема никаква логика тоа сепак нели. До некој степен тоа е подобро бидејќи вие нема да се замарате многу со тоа дали имате доволно добар Armor за да се борите против некои непријатели. Потоа доаѓа фактот што не трошите многу време на наоѓање на Armor или да си го направите. Ова е всушност нешто што секој ќе го осети на своја кожа. Мене искрено не ми беше потребно, не видов причина зошто да барам Armor или да правам како во God of War, ми беше доволно само тоа што го имав. Но сепак за тие што им фали истражувањто на тие работи, во играта на секој левел има ставено скриени кутии кои што се полни со скинови за вашиот крактер. Тоа е бидејќи нема “Character Creation” во играта па ставиле костимизција. Доколку не сакате да бракте трофеи и сакате само да ја изиграте оваа игра, не се мачете залудно бидејќи костимизацијата е ужасна. Имате можност на костимизација на само неколку работи и целата костимизација и само БОЈА, не е ни изглед ни ништо.

Не е добро да го Истражиш Дивиот Запад

Иако се работи за линеарна игра сепак мора да го истражите Дивиот Запад и да се шетате низ сите 16 нивоа на играта. Негативната работа во играта е што истражувањето е многу лошо бидејќи може ќе очекувате дека ќе се изгубите од истражување, а всушност од старт знаете каде има Злато кое што треба да го земете, каде има кутија со Skin и тоа е тоа. Златото е единствената валута во играта која што ќе ја наоѓате и ќе ви е потребна за зајакнување на Perks на вашиот карактер. Доколку не барате злато нема да можете да ги правите зајакнувањата. На моменти се прашувате дали девелоперите ве прават вас глупави и мислат дека нема да го најдете златото кое што е пред вас, но сепак па тоа може да се смета и како помош за побрзо зајакнување. На крај на денот која е логиката да ставиш истражување на левелите ако ги правиш толку едноставни, буквално пред тебе? Тоа е многу голем минус за целата игра.

Во делот на истражување девелоперите ставиле и многу детски Puzzle’s кои што цело време се вртење на еден груг и пукање во дрвена мета која што е пред вашите очи. Нема никаква тежина за правење на сите Puzzle’s и се само ставени колку да се има нешто повеќе што да се прави во текот на целата игра. Можеби ако ставиле барем малку повеќе работи ќе беше забавно, но само да пуканеме еднаш во дрвена мета за да се случи нешто е искрено разочарувачко.

Интересно во играта е што истражувањето и многу битно за делот на зачувување на вашиот прогрес. Мануелно зачувување нема, и мора да дојдете до одредено место каде што играта ќе биде направи AutoSave. Доколку сте застанале на некое место и мора да прекинете, играта ќе ви покаже колку време ќе биде изгубено. Некогаш ќе покаже време од 20-30 секунди што не е толку страшно, но кога ќе покаже време од неколку минути очекувајте дека ќе треба да направите нешто што веќе сте го направиле повторно. Има делови каде што можете да изгубите 9-10 минути од вашето време. Иако тоа не звучи толку страшно, сепак размислете дека ќе треба да поминете можеби некое цело ниво кое што па и не сакате одновно да го поминувате и нема да ви е толку забавно повторно да го поминете. Во играта има нешто што се вика “Evil Mode” и ова е нешто за тие што не се замараат многу за време, но не се замараат и доколку треба да почнат се од ново! Со ова ниво доколку умрете целата ваша прогресија се губи и треба да почнете од ново! Доколку неколку минути ви беа гола вода, ова дефинитивно нема да ви е гола ова! Ова ниво е само за луѓе кои што ќе прават No-Hit предизвици бидејќи овде ако умрете рачунајте дека навистина сте умреле и целата прогресија ви паѓа во вода.

Убавината во играта е што не треба да истражувате цело време кога станува збор за муниција! Имате бесконечно куршуми и бесконечно зајакување што доколку сте во некоја тешка борба со главен непријател или нешто, нема да се замарате дали имате доволно муниција. Цело време имате Reload и Refresh така да за тоа не треба да бегате па да земете па тек тогаш да пукате! Нема ништо подобро од само да се пукаш и да не се замараш за дали ќе ти снема!

Дизајнот е на слабо ниво

Изненадувачки е убаво како на почеток, нуди шетање низ неколку видови вестерн пејзажи: кањони со синото небо, непријатни опседнати мочуришта, рудници, планини, ледени гребени, работилници итн. Почнувате во некои интересни места каде што се забавувате и истражувате, но одма во моментот кога доаѓате на место каде што ќе има борба цело време е рамна арена. Рамна како ваљак да поминувал цело време и ниту едно камче да нема скокнато. Да, целата околина може да се каже дека е мрачна и гадна, но сепак како е дизајнирано целото место е навистина многу лошо. Непријатлите во текот на целата игра се буквално истите и кога ќе научите од прва што прават и како се тепаат сфаќате дека го правите цело време истото одновно и одново само во различно дизајнирана арена. Во целата арена како што кажав се е рамно и случајно можеби ако има TNT или Дрво со Шилци, другото се е во груг или коцка. Цело време ќе се чуствувате како да го играте истото одновно и одново само на различно место. Цело време ќе ги имате истите непријатели, често истиот број на непријатели и тоа многу ќе ве разочара доколку цело време не ви е јако да го правите истото одново и одново.

Звукот во играта е нешто во кое што посветиле малку повеќе време како и со анимациите во Cinematics. Навистина се потрудиле да направат добар Voice Acting посебно за главниот протагонист кој што по секое убиство кажува некоја интересна реченица. Се приметува кога ќе убие некое мутирано суштество и кажува дека мрази пајаци. Тоа често го кажува бидејќи карактерот навистина мрази пајаци. Затоа зима Flamethrower и ги пали сите пајажини што ќе му застанат пред патот!

За да ја завршите Evil West ќе ви бидат потребни од околу 9 до 15 часа играње што за ваква игра е навистина премалку. Но се зависи од начинот на кој што играте, начинот на кој што истражувате и многу повеќе. Минимално за целосно завршување на играта со гледање на Cinematics и се е околу 9 часа. Доколку играте Co-Op со некој времето можеби ќе се зголеми а можеби и ќе се намали за тоа колку брзо играте низ сите нивоа. Реплејабилити речисти и да нема, но е навистина на многу слабо ниво.

Цената е нешто за кое што треба малку да дискутираме за се што нуди оваа игра. За PC Evil West кошта $49.99 што можеби е малку високо но сепак океј, прифатлива цена е. За конзоли Evil West кошта $59.99 каде што доаѓа моментот да се каже дека оваа игра навистина не вреди за Full-Price да се купи одма. Навистина е скапа за се што нуди… Да, можеби ќе уживате но сепак за $60 можете да земете многу подобри AAA игри во кои што ќе уживате повеќе. Многу критичари и гејмери на интернет моментално не се задоволни од цената на оваа игра.

Заклучок за Evil West

На многу начини, Evil West се чувствува како да е нешто останато од минатото. Ова е вид на игра што би можеле да ја замислите да ја играте, да речеме, во 2010та година или можеби дури и порано. Оваа едноставност можеше да биде донекаде нешто освжувачко од толку многу модерни игри се претерано надуени работи, но наликува на игра скратена за уживанција. Донекаде многу работи се супер многу работи се топ, но сепак, кон крајот се сопнува од мака, и како резултат на презаситеноста на непријателите и поради тоа што е принуден да го носи товарот, но тоа е еден аспект што прави Дивиот Запад да вреди да се игра, но не толку многу. Остатокот од играта е формулиран и умствено здодевен, активно намалувајќи ги неговите врвни точки додека се движите од една борбена арена во друга. Не уживав во саатите што ги поминав во Evil West како што уживав, но се надевам дека е на повидок продолжение, само за да видам дали Flying Wild Hog може да го прошири и подобри ветувањето!

За тие што стигнаа до крајот и сакаат да слушнат нешто повеќе околу Evil West не само да читаат во Понеделник (28.11.) во следната епизода на “GG Подкаст” ќе збориме малку повеќе за играта!

68%
OVERALL

Позитивно

  • Филмски Cinematics
  • Environment
  • Звучните ефекти

Негативно

  • Играта е кратка
  • Дизајнот е многу слаб
  • Премал број на непријатели

МАРКЕТИНГ

About The Author

Sony го објави ажурирањето на фирмверот од април 2024 година за PlayStation 5. Ажурирањето на PS5 24.03-09.20.00 доаѓа со големина нешто повеќе од 1 GB и има неколку мали додатоци за корисниците.

Најголемото дополнување доаѓа преку проширувањето на функцијата Помош за игри. Новото ажурирање сега ќе прикажува видеа од игра од други играчи ширум светот преку функцијата „Помош во заедницата“. Ова ќе им овозможи на играчите многу полесно да добиваат совети и помош во разни игри во кои ќе бидат заглавени.

Додадена е и можноста да се скрие пораката „Remote Play поврзан“ на екранот. Можете да ги проверите целосните детали за ажурирање на системот подолу.

Сите новитети на конзолата

  • Game Help has been expanded by adding Community Game Help features.
    • In Game Help, you will see hints labeled Community Game Help in supported games, which indicates that the hint was generated from other players’ gameplay videos.
    • You can participate in Community Game Help by allowing your gameplay video to be automatically captured and added to the feature upon review.
      To opt in, go to Settings > Captures & Broadcasts > Captures > Auto Captures > Community Game Help, and then select Participate. You can also opt out at any time.
  • In Remote Play, if the persistent message “Remote Play connected.” is displayed during Remote Play, you can now hide this on your game screen. Go to Settings > System > Remote Play and turn on Hide Remote Play Connection Status.
  • We’ve improved system software performance and stability.
  • We’ve improved the messages and usability on some screens.