Протекоа многу инфорамции за Horizon серијата која ја припремаат Netflix

Релативно неодамна дознавме за претстојната ТВ адаптација на серијалот од Guerrilla – Horizon, но веќе деталите за концептот на серијата, приказната и што да очекуваме протекоа во јавност.

Според инсајдерот во индустријата Jeff Grubb, ТВ-шоуто на Netflix ќе го носи името “Horizon 2074” и ќе биде „поделено помеѓу временската линија што ја гледате во игрите и временската линија каде работите почнуваат да паѓаат“. Grubb објасни дека идејата, како што се прикажува шоуто во моментот, е тоа да не биде „рестартирање или римејк од приказната на играта“. Наместо тоа, ќе дејствува како придружник на игрите и „се одвива паралелно со нив и ќе ги објасни другите елементи што се случуваат низ светот“.

Grubb продолжи да збори дека шоуто ќе биде снимано најмногу во Торонто. Веројатно целата серија ќе биде таму, но поголемиот дел ќе биде во тој град. Ако она што го вели Grubb се покаже дека е точно, тоа значи дека ќе ги видиме не само Aloy и нејзините другари, туку и повеќе од ликови како што се нејзината претходничка Elisabet Sobeck и сеопфатниот антогонист на Zero Dawn, Ted Faro.

Како и со сè што не е потврдено од официјални извори, и ова засега треба да го сфатиме како нешто што е можно да биде баш вака. Сепак, ова ќе создаде интересен концепт за шоуто. Во меѓувреме, неодамна подетално го разгледавме спин-офот Horizon VR, Call of the Mountain.

Call of the Mountain ќе биде искуство во прво лице, поставено на постапокалиптичниот свет на серијалот. На играчите им дава нов лик – Ryas, поранешен Shadow Carja Warrior кој се надева дека ќе се откупи себеси со истражување на сериозна закана за Сандом – и ги поставува во авантура во која се појавува главниот лик од главната серија Aloy и мноштво други познати лица.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN