Експанзија за Forza Horizon 5 е забележана на Steam, но сепак брзо е се тргна од Steam сајтот.
Страницата откри дека Forza Horizon 5 „Expansion 1“ ќе биде: Hot Wheels. Отидовме од тргачки коли на игрички? Звучи интересно! Но сепак ова не е првиот пат кога се прави соработка меѓу Forza и Hot Wheels.
Уште едно поврзување со познатиот бренд за автомобили-играчки, кој претходно се појавуваше во игрите на Форца, а исто така прави и официјално лиценцирани играчки за автомобили Forza.
Списокот што ја вклучуваше експанзијата на Forza Horizon 5 Hot Wheels беше накратко прегледан на Steam минатата ноќ и објавен на reddit. Набргу потоа, списокот беше скриен – иако архивата од неа останува достапна. Се чини дека Microsoft ќе го подигне капакот на оваа експанзија во наредните денови. Ова веројатно ќе биде најавено оваа недела во шоуто на Microsoft и Bethesda.