MGM сега е дел од Amazon

Amazon официјално го купи гигантот MGM за наверојатни $8.45 милијарди, без јавен одговор од FTC (Federal Trade Commission) за тоа дали ќе го оспори договорот или не. Извештаите со месеци сугерираат дека FTC размислува за предизвик, а The Wall Street Journal на почетокот на овој месец забележа дека Amazon потвдри дека му се дале на FTC сите потребни информации поставувајќи рок од средината на месецот дека ќе го затвори договорт, со или брз одговор од агенција и нејзиниот нов лидер Lina Khan.

Откако првично одби да коментира за затворањето на зделката, FTC навистина исптари изјава. Директорот на канцеларијата за јавни работи на FTC – Lindsay Kryzak го изјави следново:

FTC не коментира за некои конкретни прашања. Сепак повторуваме дека Комисијата не одобрува трансакции и може да го оспори договорот во секое време доколку утврди дека го прекршува законот. Дополнително ова лето FTC објави дека ќе испрати предупредувачки писма пред потрошувачката во врска со зделките што не можат целосно да се истражат во временските рокови утврдени со законот на HSR. Овие писма ги предупредуваат страните што се спојуваат дека нивните трансакции остануваат под истрага и предупредувања дека завршувањето се случува на нивен сопствен ризик.

Lindsay Kryzak

FTC не коментираше ни изјави дали некогаш Amazon добиле вакво писмо.

Претходно оваа недела, антимонополската комисија на Европската унија даде зелено светло за купување на Амазон, истакнувајќи дека трансакцијата нема да предизвика загриженост за конкуренцијата бидејќи преклопувањата меѓу двете компании се ограничени. Се чини дека Амазон го сфати тоа како доволно одобрение и го затвори договорот речиси една година откако двете компании првпат го потпишаа.

Прекрасното стекнување на забавниот гигант кој што е креатор на франшизи како James Bond, Rockey, The Addams Family, The Handmaid’s Tale, и мноштво други култни емисии и филмови треба да помогнат да се зајакне постоечката Prime Video библиотека на Амазон. Високиот потпретседател на Amazon, Mike Hopkins го изјави следново:

Им кажуваме добредојде на вработените, креаторите и талентита на гигантот MGM во Prime Video и Amazon Studios, и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да создадеме уште повеќе можности за давање квалитетно раскажување на приказни на нашите клиенти.

Mike Hopkins

Додавањето на огромната колекција на MGM – да не збориме за можноста за повеќе оригинали може да и помогне на услугата за стриминг на Амазон да добие предност на Netflix, HBO Max и семејството на услуги на Disney. Како што е сега, претплатниците на Prime плаќаат (ново зголемена) такса од $139 годишно. Со таа претплата добиваат преку 26000 филмови и 2700 серии кои што се достапни на Prime Video, заедно со други поволности како бесплатна дводневна испорака за какви било купувања од страницата.

Оваа вест доаѓа додека другите медиумски џинови бараат да ги размрдаат работите од индустријата за стриминг. Минатата година, AT&T објави дека го спојува WarnerMedia со Discovery во потег што опфаќа емисии од големи мрежи вклучувајќи HBO, CNN, Cartoon Network, GHTV, TLC, Food Network и многу повеќе. Спојвување штотуку беше одобрено од амерканската влада во февруари а HBO Max и Discovery Plus ќе се комбинираат во една апликација како резултат.

МАРКЕТИНГ

Џенсен Хуанг поднесе оставка од функцијата извршен директор на Енвидија по извештаите за вонбрачни врски со наводен кинески шпион и вработен во компанијата, пренесува Гардијан.

Него привремено ќе го замени главниот финансиски директор на Енвидија, Колет Крес, додека не се именува наследник со полно работно време.

Во соопштението од одборот на директори на Енвидија, со кое се потврдува заминувањето на Хуанг, не се споменува скандалот со шпионажа и откритијата за лично однесување што ја зафатија компанијата, туку се оддава почит на „длабокиот“ придонес на Хуанг во компанијата што ја ко-основа.

„Придонесите на Џенсен Хуанг во Енвидија се длабоки. Nvidia е една од најзначајните технолошки компании во светот. Одборот и компанијата му се заблагодаруваат на Џенсен Хуанг за неговиот неизмерлив придонес во компанијата и индустријата“, се вели во соопштението.

Одборот на производителот на чипови претходно оваа недела ја назначи водечката адвокатска фирма Wachtell, Lipton, Rosen & Katz да спроведе „темелна и независна“ истрага за врската со Алис Хуанг, која не е во роднинска врска со шефот на Nvidia. Фирмата му наложи на Џенсен Хуанг да продолжи да раководи со Nvidia додека истрагата е во тек.

Сепак, доцна во среда, „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал посебна вонбрачна врска со вработена во компанијата по име Кимберли Пауел. Таа била претседателка на здравството на Nvidia и наводно била снимена на видео како е нежна со Хуанг во хотел за време на конференцијата на компанијата во март.

Извештајот го зголеми притисокот врз Хуанг додека одборот се состана доцна во среда.

Излегувањето на Хуанг од компанијата што ја ко-основаше во 1993 година отстранува висока личност во Силиконската долина во време кога трката за вооружување со вештачка интелигенција меѓу САД и Кина е на врвот. Хуанг поседува повеќе од 870 милиони акции, или околу 3,6% од компанијата и вреди 145 милијарди долари (109 милијарди фунти), според „Блумберг“, што го прави 13-ти најбогат човек во светот. За разлика од многу негови современици во други водечки технолошки компании, Хуанг има десетици директни извештаи, невообичаена структура на управување што ја нагласува неговата контрола врз компанијата.

Целата екосфера на вештачката интелигенција се потпира на компанијата, која конструира напредни чипови што се користат за обука на модели на вештачка интелигенција и им дава енергија на компании како што се OpenAI и Anthropic. Таа е исто така една од највредните компании на Земјата, со пазарна капитализација од повеќе од 4 трилиони долари.

„Енвидија“ и „Хуанг“ претрпеа финансиски удар со разгорувањето на скандалот: акциите на компанијата паднаа за околу 7% во претпазарното тргување во четврток откако „Волстрит џурнал“ објави дека одборот на „Енвидија“ го подготвува разрешувањето на Хуанг.

Иако Џенсен Хуанг призна дека имал афера без директно да го именува осомничениот шпион, тој негира какво било знаење дека Алис Хуанг наводно работела за кинеската влада. Двајцата биле видени заедно низ целиот свет, како вечераат во ресторани и присуствуваат на состаноци, во текот на изминатите неколку години. Алис Хуанг е бизнисменка и раководител на фирмата за центри за податоци „Мегаспид“ со седиште во Сингапур, за која американските разузнавачки служби се сомневаат дека е кинеска актива според повеќе извештаи.

Џенсен Хуанг, кој е во брак со својата сопруга Лори од 1985 година, призна во е-пошта до вработените во неделата по денови шпекулации за неговата врска со извршната директорка на „Мегаспид“ дека имал афера и дека ќе соработува во внатрешна истрага. Одборот на директори на „Енвидија“ издаде соопштение истиот ден кога компанијата започна истрага во врска со извештаите дека Хуанг бил цел на странска разузнавачка акција.

Доналд Трамп го поддржа Џенсен Хуанг, велејќи дека тој завршил „неверојатна работа“ и дека е „чесен човек“. Големите играчи во технолошката индустрија, вклучувајќи го и Елон Маск, исто така ја дадоа својата поддршка за Хуанг. Сепак, акциите на Nvidia паднаа со веста и паднаа за повеќе од 11% во последните неколку дена.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!