MGM сега е дел од Amazon

Amazon официјално го купи гигантот MGM за наверојатни $8.45 милијарди, без јавен одговор од FTC (Federal Trade Commission) за тоа дали ќе го оспори договорот или не. Извештаите со месеци сугерираат дека FTC размислува за предизвик, а The Wall Street Journal на почетокот на овој месец забележа дека Amazon потвдри дека му се дале на FTC сите потребни информации поставувајќи рок од средината на месецот дека ќе го затвори договорт, со или брз одговор од агенција и нејзиниот нов лидер Lina Khan.

Откако првично одби да коментира за затворањето на зделката, FTC навистина исптари изјава. Директорот на канцеларијата за јавни работи на FTC – Lindsay Kryzak го изјави следново:

FTC не коментира за некои конкретни прашања. Сепак повторуваме дека Комисијата не одобрува трансакции и може да го оспори договорот во секое време доколку утврди дека го прекршува законот. Дополнително ова лето FTC објави дека ќе испрати предупредувачки писма пред потрошувачката во врска со зделките што не можат целосно да се истражат во временските рокови утврдени со законот на HSR. Овие писма ги предупредуваат страните што се спојуваат дека нивните трансакции остануваат под истрага и предупредувања дека завршувањето се случува на нивен сопствен ризик.

Lindsay Kryzak

FTC не коментираше ни изјави дали некогаш Amazon добиле вакво писмо.

Претходно оваа недела, антимонополската комисија на Европската унија даде зелено светло за купување на Амазон, истакнувајќи дека трансакцијата нема да предизвика загриженост за конкуренцијата бидејќи преклопувањата меѓу двете компании се ограничени. Се чини дека Амазон го сфати тоа како доволно одобрение и го затвори договорот речиси една година откако двете компании првпат го потпишаа.

Прекрасното стекнување на забавниот гигант кој што е креатор на франшизи како James Bond, Rockey, The Addams Family, The Handmaid’s Tale, и мноштво други култни емисии и филмови треба да помогнат да се зајакне постоечката Prime Video библиотека на Амазон. Високиот потпретседател на Amazon, Mike Hopkins го изјави следново:

Им кажуваме добредојде на вработените, креаторите и талентита на гигантот MGM во Prime Video и Amazon Studios, и со нетрпение очекуваме да работиме заедно за да создадеме уште повеќе можности за давање квалитетно раскажување на приказни на нашите клиенти.

Mike Hopkins

Додавањето на огромната колекција на MGM – да не збориме за можноста за повеќе оригинали може да и помогне на услугата за стриминг на Амазон да добие предност на Netflix, HBO Max и семејството на услуги на Disney. Како што е сега, претплатниците на Prime плаќаат (ново зголемена) такса од $139 годишно. Со таа претплата добиваат преку 26000 филмови и 2700 серии кои што се достапни на Prime Video, заедно со други поволности како бесплатна дводневна испорака за какви било купувања од страницата.

Оваа вест доаѓа додека другите медиумски џинови бараат да ги размрдаат работите од индустријата за стриминг. Минатата година, AT&T објави дека го спојува WarnerMedia со Discovery во потег што опфаќа емисии од големи мрежи вклучувајќи HBO, CNN, Cartoon Network, GHTV, TLC, Food Network и многу повеќе. Спојвување штотуку беше одобрено од амерканската влада во февруари а HBO Max и Discovery Plus ќе се комбинираат во една апликација како резултат.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Беше најавено дека соработка помеѓу Squid Game и Call of Duty Black Ops 6 ќе пристигне во јануари. Соработката беше најавена на официјалниот X профил на Call of Duty, каде што профилот изјави: „Повик кој не може да се одбие. Netflix Squid Game пристигнува во Call of Duty оваа јануари.“

Squid Game сезоната 2 ќе премиерно се прикаже на Netflix на 26 декември 2024 година, а третата и последна сезона ќе биде достапна некаде во 2025 година. Netflix предвиде дека до октомври 2021 година, Squid Game генерирала приближно 900 милиони долари вредност за компанијата, иако серијата чини само 21,4 милиони долари за производство.

Најавата од Call of Duty дека соработката ќе пристигне во јануари сугерира дека веројатно ќе биде дел од ажурирањето на средината на сезоната за Black Ops 6 Сезона 1, кое често се нарекува „ре-лоадед“ ажурирање, кое обично носи нови мултиплејер мапи и игри.

Не е јасно што точно ќе вклучува соработката помеѓу Squid Game и Call of Duty, но веројатно ќе се состои од нови оружја и кожички за ликови. Алтернативно, Call of Duty и Netflix може да направат нешто малку по-специјално за оваа соработка, можеби нов тип на играчки режим за забава.

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!