NFTs наскоро ќе дојдат на Instagram, изјави Mark Zuckerberg

NFTs се спорна тема на интернет, но големите технолошки компании ги прифаќаат (со исклучок). Не треба да не изненадува тоа што комапнијата META наскоро ќе става и ќе одобри да се користат/преодаваат NFTs на Instagram а подоцна веројатно и на сите останати нивни социјални мрежи.

Како што беше објавено од Engadget, извршниот директор на META Mark Zuckerberg потврди во SXSW дека NFT ќе доаѓаат на Instagram во блиската иднина. Тој извести дека корисниците ќе можат да донесат постоечки NFT, како и да создаваат нови. Zuckerberg го изјави следново.

Не сум подготвен да објавам точно што ќе биде денес. Но, во текот на следните неколку месеци, способноста да внесете некои од вашите NFTs, се надеваме дека со текот на времето ќе можете и вие да создадете работи во таа средина.

Zuckerberg објасни дека NFT ќе играат улога во визијата на META во големиот Metaverse. Сепак дополнителна исто така спомна дека има технички аспекти на кои треба да се работи пред процесот да биде беспрекорен. Накратко објасни како работат NFTs во Metaverse на начин “облеката која што ја носи вашиот карактер во Metaverse, може да биде претворена во NFT и да ја движите на различни места”.

Додека технолошките компании како Meta се уште веруваат дека Metaverse и NFT ќе ја дефинираат иднината, просторот за игри е особено пркосен на концептот. Поранешниот претседател на Nintendo of America – Reggie Fils-Aime има многу различни мислења за визијата на META и нивниот Metaverse.

Самиот Facebook не е иновативна компанија. Тие или стекнале интересни работи како Oculus и Instagram, или само сакале да допрат побрзо со луѓето со иднината. Мислам дека нивната сегашна дефиниција нема да биде ни малку успешна, и тоа што го промовираат сега не е доволно завршено и реализирано баш како што треба да биде,

Former Nintendo of America President Reggie Fils-Aimé

Претседателот на Valve Gabe Newell целосно ги банираше NFTs од неговата Steam платформа. Тоа го направи со изјава дека просторот е преполн со “скицирано однесување” и “измама надвор од контрола”.

Кое е вашето мислење за NFTs во гејминг индустријата? Дали се сложувате со Mark Z. и со неговата замисла за иднината во Metaverse светот или сте на страната со тие што сметаат дека NFT во гејминг индустријата не е потребно? Пишете ги вашите миселења за оваа тема во комеантарите, или пишете ни на некои од социјалните мрежи.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN