PC

Valorant наскоро може да ја видиме и на конзоли

Мултиплеер стрелецот Valorant на Riot, кој е достапен за компјутер од 2020 година, наскоро би можел да се појави на конзолите. Иако Riot Games и претходно изрази желба да ја донесе играта на конзолите, до денес тоа не се случи, но судејќи според новиот оглас за работа, се чини дека е крајно време работите да се поместат од мртва точка. Имено, Riot на својата веб-страница објави конкурс за позицијата постар дизајнер на игри кој би работел на конзолни верзии на Valorant, а чија работа би била дизајнирање и прилагодување на играта и нејзините режими за конзоли.

Така, се поизвесно е дека Valorant навистина ќе го гледаме на конзолите, а дали ќе го гледаме само на поновите (PS5 и Xbox Series X/S) или можеби се во подготовка верзиите за PS4 и Xbox One, останува да биде видено. Во меѓувреме, додека го чекаме официјалното објавување на верзиите на конзолата, потсетуваме дека Valorant моментално можете да го играте исклучиво на компјутер и целосно бесплатно.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Одговорот на ова прашање ќе го дознаеме на 15 ноември, кога 16-те најдобри гејмери од Македонија ќе се соочат на националното Red Bull Wings Cup финале, со една цел: да ја освојат националната титула и да нè претставуваат на светското финале во Мајами.

Патот до националното финале започна во октомври, 2026, со отворањето на пријавите за Универзитетската и Отворената лига, а за само неколку недели, натпреварувањето собра 739 регистрирани играчи од цела Македонија, кои одиграа повеќе од 690+ EA SPORTS FC™ 27 натпревари. Квалификациската трка освен онлајн, се одвиваше и во четири градови, опфати четири универзитети и осум факултети, а сега најуспешните 16 играчи од двете лиги се подготвени за последниот предизвик пред светското финале во САД.

Но, националното финале носи и поинакво гејминг искуство, бидејќи на 15 ноември, со почеток од 18 часот, Cineplexx во Skopje City Mall ќе се претвори во гејминг арена, каде што финалистите ќе ги одиграат решавачките натпревари пред публика, на големото платно. Најдобриот играч ќе добие можност да ја претставува Македонија на светското Red Bull Wings Cup финале во Мајами, каде што ќе се сретне со најдобрите гејмери од 80 земји ширум светот и ќе ги покаже своите фудбалски вештини и надвор од виртуелниот терен, преку реални фудбалски предизвици.

View this post on Instagram

A post shared by Red Bull Македонија 🇲🇰 (@redbullmakedonija)

Националното финале ќе биде можност публиката одблизу да ја проследи цела EA SPORTS FC™ 27 акција, да ги поддржи Red Bull Wings Cup финалистите и да дознае кој од нив ќе нè претставува на светскота сцена следната година.

Сите љубители на фудбалот и гејминг фанатици се добредојдени на 15 ноември во 18 часот во Cineplexx, Skopje City Mall да ја проследат акцијата и да бидат дел од атмосферата.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!