Star Wars Jedi: Survivor ќе добие PlayStation 4 и XBOX One верзии

Electronic Arts вчера на својот финансиски извештај за последниот квартал објави дека Star Wars Jedi: Survivor е комерцијално успешна игра. Не е откриено колку копии од играта се продадени, но потврдено е дека играта ќе се појави на две дополнителни платформи. А тие платформи се старите генерации на PlayStation и XBOX. Потегот е да се направат повеќе пари, но сепак доколку имате конзола од старата генерација бидете спремни за полетување на самата конзола.

Поради форсот на оваа легендарна франшиза и барањата на заедницата, нашиот тим за развој направи своја мисија да го донесе ова искуство на Преживеаниот Џедај на PlayStation 4 и Xbox One

Изјава од Respawn Entertainment

Ќе биде интересно да се види како Jedi: Survivor ќе се адаптира на хардвер стар 10 години. Техничката состојба на играта во верзиите за PC, PS5 и XBOX Series X не беше многу добро, благо кажано. Дури би било иронично ако старите конзоли добијат постабилно искуство на оваа игра отколку хардверските помоќни платформи.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN