Првиот DLC контент на Atomic Heart

Atomic Heart доби трејлер за својот прв DLC контент. Atomic Heart е еден од хитовите на 2023 година кој што многумина го преспаа некако, и го игнорираа, но имаше голем импулс во неговото објавување. Некако играта беше ставена во сенка од други игри како Hogwarts Legacy. Како и да е, фановите се чинеше дека уживаат во играта поради нејзината естетика, но беа особено критични за работи како што е дијалогот кој беше малку препотентен. Сепак играта беше толку успешна што ќе добие втор ‘ветер во грб’ подоцна оваа година бидејќи тимот зад играта сега се движи кон DLC контент што треба да привлече играчи, односно да проба да врати голем дел од играчите, и да донесе нови играчи што не ја играа играта порано годинава.

Atomic Heart доби краток тизер за својот прв DLC контент, кој се чини дека е неименуван во моментов. Покажува многу елабориран и чуден објект што изгледа како нешто од приказната на Dr. Seuss. Во секој случај, не знаеме многу повеќе за ова DLC. Веројатно значи дека ќе добиеме уште неколку тизери пред последниот трејлер во наредните недели. Во секој случај, се надевам дека нема да помине долго пред да се вратам во овој свет!

МАРКЕТИНГ

Незадоволните играчи се обидоа да го бојкотираат Sony во август, откако компанијата објави дека ќе ја прекине поддршката за физичките копии на игри. Сепак, се чини дека протестот PlayStation Digital Blackout доживеа неуспех.

Sony објави официјални податоци за вториот фискален квартал, со што јасно стави до знаење дека бојкотот не влијаел врз резултатите ниту малку. Наместо тоа, компанијата продолжила да расте, потврдувајќи го својот став дека прекинот на производство на физичките копии на игри нема да влијае врз работењето на Sony.

Со оглед на тоа што Sony ќе го прекине производството на правење физички копии во јануари 2028 година и наводно се обидува да воспостави монопол на дигиталните игри, сопствениците на PlayStation кои не беа задоволни од неодамнешните деловни практики на компанијата организираа бојкот. Од 23 до 30 август, гејмерите и користниците на PlayStation се обврзаа дека нема да купуваат игри, дигитални игри или да ги обновуваат претплатите на PlayStation Plus. И најинтересното беше дека нема ни да ги вклучуваат нивните конзоли.

Сепак, протестот и бојкотот привлече помалку внимание од очекуваното. Советникот за индустријата за видеоигри во Circana, Мет Пискатела, првично забележа дека немало значителна промена во бројот на играчи или нивната активност за време на бојкотот.

Финансиските извештаи ја потврдија незначителноста на протестот за работењето на Sony. Не само што продажбата и активноста не се намалиле, туку и се зголемиле, при што Marvel’s Wolverine на Insomniac Games го предводи растот со 2,4 милиони продадени копии.

Во споредба со претходниот квартал, бројот на месечно активни корисници се зголемил за 2 милиони, а дигиталната продажба пораснала за 138,8 милијарди јени – односно 158,7 милијарди јени ако се вклучат и дополнителните содржини, што изнесува околу 996,2 милиони долари, според просечниот девизен курс за вториот фискален квартал.

Со лансирањето на Grand Theft Auto 6 на 19 ноември, се очекува бројките да продолжат да растат и во овој фискален квартал. Со приближувањето на датумот на објавување, многу играчи ќе се погрижат да ги обезбедат своите претходни нарачки за да можат да ја преземат GTA 6 однапред, пред официјалното објавување. Дополнително, бидејќи физичкото издание на GTA 6 не содржи диск, повеќето едноставно ќе се одлучат да ја купат играта преку PS Store, што дополнително ќе ја зголеми дигиталната продажба.

Можеби ова е сурова реалност за поддржувачите на физичките медиуми, но вистината е дека одлуката на Sony да се насочи кон целосно дигитална иднина досега немала негативно влијание.

Со оглед на проценките дека следната генерација на Xbox на Microsoft би можела да чини до 1.800 долари – а притоа сè уште не се знае дали воопшто ќе има вграден читач за дискови – Sony веројатно ќе продолжи да бележи успех, без оглед на тоа што се оддалечува од физичките медиуми.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!