Неименуваната играта на Activision Blizzard е Откажана, а со нејзе си заминува и Претседателот на Компанијата

Денес се случуви најгопемиот бум од страна на Microsoft! Компанијата излезе со огромен број на информации кои што ќе ги шокираат сите!

Прво, речиси 2000 вработени треба да бидат отпуштени; второ, претседателот на Blizzard, Мајк Ибара ја напушта компанијата!

Не само тоа, туку беше потврдено дека ненајавената сурвајвл на Activision Blizzard, која се појави во профилите на ArtStation минатата година, е откажана!

Беше најавено дека тимовите кои работат на тој проект, кој сега никогаш нема да биде откриени, ќе бидат префрлени да работат на други проекти.

Microsoft!? Што се дешава?!

Во моментов, сурвајвл игрите гледаат огромен бум. Неодамна, успехот на Pocket Pair’s Palworld покажа дека сурвајвл игрите со отворен свет (особено оние што ги имитираат Покемон) имаат огромна моќ во индустријата, привлекувајќи милиони играчи со леснотија.

Тековниот успех на оние како DayZ, придобивките од раниот пристап на Sons of the Forest и постојаната моќ на Escape from Tarkov докажуваат дека гејмерите го сакаат елементот за преживување во нивните игри. За жал, по бранот отпуштања во Мајкрософт што влијаеше на гејмерските филијали на компанијата (вклучувајќи ги Activision и Bethesda), неименуваната сурвајвл игра на Activision Blizzard е откажана.

До денес, не видовме ништо опипливо за сурвајвл играта надвор од референците направени на различни профили на интернет, и иронично, официјалното откажување на проектот е првпат да се потврди постоењето на истиот – на некој начин. Во интерен меморандум добиен од The Verge, Мет Бути од Xbox истакна дека оние кои работат на откажаната игра ќе се префрлат на други проекти во развој на Activision Blizzard.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!