Escape Academy е новиот Escape Puzzl-ер кој што наскоро доаѓа на сите актуелни платформи

Издавачите iam8bit и Skybound Games заедно ги споиле силите со развојниот тим на Coin Crew Games подготвуваат нова игра која што ќе биде Escape Room и нејзиното име ќе биде “Escape Academy”

Како што сугерира самиот наслов, овој пазл гејм ќе биде поставена во училиште каде што учениците се обидуваат да станат врвни експерти во предизвците во простроријата за бегство. Играта излегува оваа година и ќе биде достапна за сите актуелни платформи. За жал се уште нема точен датум кога би било точно излезена.

Што се однесува до самата игра, таа носи над 12 специјално дизајнирани соби создадени од луѓе кои прават вистински предизвици во собата за бегство. Во играта ќе биде достапен еден играч, како и секако онлајн мултиплејер и co-op локален мултиплејер. Играта носи различни ликови, тајни, предизвици и интересна музика. Дел од целата атмосфера можете да погледнете во првиот трејлер кој ни беше прикажан:

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN