Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.
Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.
Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.