Capcom Arcade Stadium наскоро добива продолжение

Колекцијата на Capcom Arcade Stadium наскоро би можела да добие продолжение.

Барем така пишува корејската веб-страница за класификација на игри, со новиот наслов „Capcom Arcade 2nd Stadium“ и „Capcom Arcade 2nd Stadium Bundle # 1“. Двата записи имаат опис дека се работи за компјутерска игра која носи голем број на Capcom игри од 80-тите и 90-тите. Но, бидејќи старосната граница овој пат е 15+ години, а не 12+ како во претходната колекција, за очекување е колекцијата да има малку поексплицитни игри во колекцијата. Што, сè уште не е познато.

Првиот Capcom Arcade Stadium излезе минатата година за конзоли и компјутери, така што се очекува дека оваа колекција нема да биде ниту само игра за компјутер. Додуша, оваа колекција се уште не е потврдена, па ќе треба да почекаме Capcom официјално да ја објави и да ги наведе игрите кои ќе се најдат во колекцијата.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Студиото Sucker Punch Productions, креатори на Ghost of Yōtei и Ghost of Tsushima, се соочува со нов бран отпуштања. Според извештај на Aftermath, 24 вработени го загубиле работното место. Студиото имало околу 200 вработени, иако тој број можеби е поблиску до 230. Тоа значи дека се отпуштени приближно 10 до 12 отсто од вработените.

Aftermath имал увид во мејл што раководството на студиото им ја испратило на вработените во врска со отпуштањата. „По внимателно следење на предизвиците на пазарот и разгледување на потребите на тимот за нашиот следен проект, одлучивме да го намалиме бројот на вработени“, соопштило студиото на PlayStation.

„Знаеме дека ова е тешко да се прифати и сакаме да ве увериме дека одлуката не ја донесовме лесно. Внимателно ја разгледавме ситуацијата и се потрудивме што е можно повеќе да им помогнеме на колегите погодени од оваа промена. Нема сомнеж дека ова е тежок ден. Следната недела ќе разговараме подетално за иднината“, се наведува во пораката.

Ghost of Yōtei беше објавена минатата есен и наиде на одличен прием кај критичарите и играчите. Играта има оценка од 86 на Metascore на Metacritic и беше меѓу кандидатите за наградите на повеќе церемонии во 2025 година. На февруарските DICE Awards освои три награди: за најдобра авантуристичка игра на годината, извонредно достигнување во дизајнот на ликови и извонредно достигнување во оригиналната музичка композиција.

Успехот се одрази и врз продажбата. Според процените, до октомври 2026 година играта била продадена во 5,4 милиони примероци и остварила нешто повеќе од 400 милиони долари приход. Во јуни 2026 година, Alinea Analytics објави дека Ghost of Yōtei била најпродаваната игра на Sony од сопствените студија или од студија во нејзина сопственост во текот на годината дотогаш. Во тој период биле продадени 1,1 милион примероци, со приход од 77,6 милиони долари.

Засега не е познато на кој проект се однесува споменувањето на „следниот проект“ на Sucker Punch. Од 2020 година наваму, студиото објавуваше исклучиво игри од серијалот Ghost, како и нивните мултиплеер-режими. Претходно, Sucker Punch работеше на серијалите Sly Cooper и Infamous.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!