Batman е мртов! Во Gotham Knights…

Креаторите на Gotham Knights официјално кажаа дека Batman е мртов! Потврдата ја направија на нивниот панел на San Diego Comic-Con.

Некои фанови се сомневаа дека играта – во која играте како помошниците/децата на Batman – Robin, Red Hood, Nightwing и Batgirl по очигледната смрт на Мрачниот витез. Многумина мислеа дека ќе ја извртат некако приказната за Batman да може да се врати, но очигледно или они лажат, или Batman навистина е RIP.

Обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат Бетмен ќе го видат за време на воведната секвенца на играта, рече Patrick Redding – Креативниот Директор на играта, каде што се среќава со неговата (очигледно трајна) смрт. После тоа, останува на неговиот квартет од помошници да продолжат да го спасуваат денот. На друго место во панелот, Рединг исто така потврди дека во играта нема да го видиме едниот и единсвтвениот… Џокер…

Што се однесува до Riddler, Рединг рече дека ќе има „точно еден“ прашалник на Riddler… Што значи нема шанси да го најдете.

Gotham Knights треба да излезе на 25 октомври за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S, по неодамнешното откажување на неговите верзии PS4 и Xbox One. Канонски е одделен од серијата Arkham, иако е развиен од студиото Batman Arkham Origins Warner Bros Montreal.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Еве еден интересен факт: од сега па сè до 2029 година, OpenAI контролира 40 отсто од светското производство на динамичка меморија со случаен пристап (DRAM), која се користи во мобилните телефони, конзолите за видеоигри и системите за вештачка интелигенција. Така, компанијата зад ChatGPT е една од главните причини поради кои сега треба да платите 650 долари за PS5 и поради кои речиси никој не може да си дозволи да состави нов гејминг-компјутер. Сепак, извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, некако смета дека овој процент не е доволен.

Според Алтман, сите ние – обичните луѓе, заедно со неговата компанија вредна 852 милијарди долари – имаме заеднички интерес. Во неформално интервју за YouTube-каналот Cheeky Pint, Алтман објасни дека светот веќе има ограничени капацитети за производство на силициум.

„Од гледна точка на глобалната распределба, всушност е прилично ужасно што сите имаат големи количини од ограничените светски резерви на DRAM меморија во своите компјутери, а таа се користи само пет отсто од времето.“

Алтман тврди дека, со оглед на постојните ограничувања, би било покорисно DRAM меморијата што луѓето ја имаат во своите електронски уреди да се користи за напојување на дата-центрите. На тој начин, сите би можеле да ја искористат вкупната компјутерска моќ.

„Ако се обидувате да се справите со средина во која понудата е многу ограничена, сакате максимална искористеност на капацитетите во облакот. А некако, интуицијата на луѓето е токму спротивна од тоа“, рече Алтман.

Од ChatGPT до PS5

Аргументот на Алтман, кој погодно ја заобиколува улогата на OpenAI во создавањето на проблемот со недостигот на меморија, наиде на неверување кај коментаторите и корисниците на YouTube. Сепак, Sony се согласува со него, поради што производителот на хардвер планира да ја прекине поддршката за Blu-ray во 2027 година и да произведува само целосно дигитални конзоли PS5.

Додека корисниците откриваат начини за отклучување на хардверот, а вештачката интелигенција го забрзува процесот на создавање игри, компании како Sony имаат дополнителен мотив да создадат средина во која поединечните корисници поседуваат што е можно помалку. Не можете лесно да украдете или да направите реверзно инженерство на нешто што се емитува преку облак, додека компаниите можат да контролираат колку ќе плаќате за пристап до таа содржина. Алтман само го кажува гласно она за што обично се молчи.

Подоцна, Алтман рече дека се надева оти трошоците за енергија, снабдување и производство наскоро ќе се намалат. „Ако не се намалат, ќе бидам многу тажен. Но, за да се намалат, со оглед на тоа колку вредност има во сето ова, понудата мора значително да се зголеми.“

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!