Batman е мртов! Во Gotham Knights…

Креаторите на Gotham Knights официјално кажаа дека Batman е мртов! Потврдата ја направија на нивниот панел на San Diego Comic-Con.

Некои фанови се сомневаа дека играта – во која играте како помошниците/децата на Batman – Robin, Red Hood, Nightwing и Batgirl по очигледната смрт на Мрачниот витез. Многумина мислеа дека ќе ја извртат некако приказната за Batman да може да се врати, но очигледно или они лажат, или Batman навистина е RIP.

Обожавателите кои се надеваат дека ќе го видат Бетмен ќе го видат за време на воведната секвенца на играта, рече Patrick Redding – Креативниот Директор на играта, каде што се среќава со неговата (очигледно трајна) смрт. После тоа, останува на неговиот квартет од помошници да продолжат да го спасуваат денот. На друго место во панелот, Рединг исто така потврди дека во играта нема да го видиме едниот и единсвтвениот… Џокер…

Што се однесува до Riddler, Рединг рече дека ќе има „точно еден“ прашалник на Riddler… Што значи нема шанси да го најдете.

Gotham Knights треба да излезе на 25 октомври за PC, PlayStation 5 и Xbox Series X/S, по неодамнешното откажување на неговите верзии PS4 и Xbox One. Канонски е одделен од серијата Arkham, иако е развиен од студиото Batman Arkham Origins Warner Bros Montreal.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Ghost of Yotei: Most Wanted, roguelike режим на игра за Ghost of Yotei, беше откриен за време на PlayStation State of Play на 3 септември. Режимот ќе биде дел од Ghost of Yotei: Complete Edition, робусно ажурирање кое пристигнува на 1 октомври.

Режимот ќе содржи 4 ликови што можат да се играат, а големото изненадување е што Џин Сакаи, протагонистот на Ghost of Tsushima, ќе биде еден од нив.

Во roguelike режимот, играчите ќе мора да завршат награди што стануваат прогресивно потешки како што се завршуваат. Most Wanted содржи 4 ликови што можат да се играат, секој со уникатни способности: Ацу, Ојуки, Нагато и Џин.

Сакер Панч истакна дека за нив било важно да го изградат режимот така што ќе се чувствува како продолжение на искуството од кампањата Ghost of Yotei, што значи дека контролите ќе бидат слични.

Играчите ќе заработуваат Mon за време на натпреварите, валута што се користи за отклучување нови техники, надградби на оружје, амајлии и друго. Сите козметички елементи отклучени во Most Wanted може да се користат и во основната игра и во експанзијата на приказната Echoes of Sekigahara.

За да пристапат до новиот режим на игра, играчите кои веќе ја поседуваат играта Ghost of Yōtei можат да ја нарачаат однапред надградбата на Complete Edition за 14,99 долари. Оваа надградба ќе им овозможи пристап до Ghost of Yōtei: Most Wanted и Ghost of Yōtei: Echoes of Sekigahara почнувајќи од 1 октомври.

Дополнително, играчите ќе добијат моментален пристап до целата содржина во играта претходно вклучена во Ghost of Yōtei Digital Deluxe Edition, како и до Charm of Hokkyokusei. За оние кои не ја поседуваат играта, Ghost of Yōtei Complete Edition е достапна за дигитално купување сега по цена од 69,99 долари.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!