Последното големо ажурирање за Street Fighter V е најавено за 29-ти март. Според долгонајавуваниот план за игри на Capcom, ова ажурирање наречено „Definitive update“ ја носи најновата колекција на промени во балансот на карактерите и нивните потези.
Според Capcom, надвор од балансирање, ова ажурирање носи филтер за засенчување ќелии и филтер за пиксели и неколку нови ремикси на песни од играта. Трејлерот за ова ажурирање прикажува некои големи промени во познатите потези на ликовите, при што Ryu добива најголемо внимание. Искусните и лојални играчи на Street Fighter V веќе ќе ги видат апликациите поврзани со V-Skill потезите и V-активирањето на Ryu од самата трејлер. Но тие детали им оставаме да ги видат во трејлерот кој Capcom го објави и накратко ги претстави сите новитети.