World of Warcraft: Dragonflight – Eкспанзијата каде што Драганите летаат; IDK не играв Beta

Си беше еднаш еден остров каде што пред 10 000 години живееле еден куп Драгани, ама решиле да го затворат дуќанот додека не ги оправат работите на Azeroth и на пошироко. И така го напуштиле нивниот дом, ги оставиле клучевите кај домарите (The Watchers), и отишле да гледаат по дворовите на комшиите, додека дома им скапало од вода, влага, неоддржување, итн. И тоа си повлеквит нови проблеми. Е, сега им текна да се вратат.

И што значи тоа за нас?

Според најавата тоа значи нова зона, нова раса/класа, нови данџени, рејдови, професии, скилови, и еден куп нови ствари, што делумно ги знаеме, делумно не ги знаеме. Иако веќе со месеци има активно бета тестирање, ја за жал не добив клуч, па хејтав од страна, сè додека не излезе pre-patch. Од денес, односно од оваа света Среда, 26 октомври, е пуштен pre-patch-от за Dragonflight и многу нови работи видов утрово.

Напомена: авторот прв пат преминува од една експанзија во друга.

Што се случи утрово во 9:00?

Започна нов работен ден, се пиеше кафе, се читаа мејлови, се затвори четврта сезона од M+, се пцуеа десетина add-ons што не работат и се бараа нови работи низ Azeroth. 

Според распоредот на чичковците од (активижн)Близард, оваа недела во живо ги гледаме новите талент системи за сите веќепостоечки класи, нови комбинации на раси и класи, нов кориснички интерфејс, подобрувања во пристапноста и соло PvP.

И да ги разгледаме работиве едно по едно.

Раси и класи

Ви текнува дека на времето само хорда имаа шамани, а само алијанса имаа паладини, па после тоа си ги позајмија книгите за магија и почнаа да се мешаат? Епа сега имаме уште едно кревање на расните рестрикции при избор на класа. Односно сите Таурени и Дранеи (вклучувајќи ги и нивните суб-класи) може да станат роугови кога ќе пораснат, Таурените прв пат после долго време се добредојдени во клубот на мејџови, додека пак Орките и повторно Таурените од виските планини може да бидат пристови.

Накратко тоа изгледа вака:

TaurenHighmountainDraneiLightforgedOrcs
RogueRogueRogueRoguePriest
MageMage
Priest

Нови дрва за пентарење (Skill Trees)

Ова е најголемата новост до овој момент. Имаме комплетна преработка на системот за таленти односно на некој начин се враќаме еден чекор наназад како што беше на времето. Веќе нема да има фиксни специјализации и таленти според класа како што имавме досега, туку се враќаме на системот на алоцирање на поени според тоа што сакаме да играме. Специјализации сè уште ќе постојат, но начинот на кој што ќе може да се комбинираат ќе даде повеќе длабочина и уникатност.

Секој карактер ќе има две дрва за јачање, односно врз база на класа и врз база на специјализација. Во ова нема да навлегувам подетално, бидејќи начинот на кој што функционираат, односно како се комбинираат скиловите и нивните поени зависи од тоа што играш, така што не биди мрза и прочитај што треба да правиш за да бидеш корисен во рејдови и данџени:

Talent Tree System Revamp in World of Warcraft: Dragonflight – Guides – Wowhead

И ако не те бива математика и/или си на работа додека го читаш ова, еве и калкулаторче, за како изледа чудово:

Dragonflight Talent Calculator – World of Warcraft

Сè уште има работа околу балансирање на дрвата, така што спремете неколку нови карактери, ако ви го сецнат мејнот у прва недела (note to self).

Кориснички интерфејс (UI)

Прва работа што ќе ја видите кога ќе ја вклучите денес играта е дека интерфејсот е на сите страни, поради необновени адони и нови опции од самата игра. За луѓе што се имаат префрлано од една експанзија на друга, ова нема да им дојде чудно, ама за новајлии како мене, ми беше општ хаос на прво вклучување. Но, без паника, време е за чистка на за ствари што не требаат повеќе како TL;DR, Covenant Mission Helper и ред други адони што се конкретни за Shadowlands, додека ги чекаме да се обноват DBM, Handy Notes, WeakAuras, Raider.io итн. 

Што е всушност новоста? Конечно после долги години, се појави Edit Mode. Станува збор за напредно поставување и детално подесување на корисничкиот интерфејс без инсталирање на ElvUI. Во ESC менито во самата игра може да се најде ова ново копче што носи кон ново мени (види фотос) и од таму може буквално сè да се подеси. Може да се менува локацијата на аватарот, таргетот/фокусот, рамките за рејдање и арени, баровите за кастање, екстра можностите, бафови/дебафови и она досадното talking head што 99.99% од времето ќе ти се залепи над спелките да ти каже да дека на времето тука тревата беше зелена додека се тепаш со рејд бос.

Ова не доаѓа како новост за хардкор модерите на интерфејсот, но е многу добра опција за луѓе што не користат вакви модификации и може да биде изворот за багови додека целосно не се приспособат адоните кон новата експанзија. Долниот UI веќе не е залепен за долниот дел од екранот, вклучувајќи ги и иконите од десниот ќош за инвентар, гилд, скилови, карактер итн. Исто така мини-мапата е многу попрегледна и може полесно да се нанижат иконите што ни требаат на рамката. 

Разно

Мислам дека плус минус ги покрив најбитните работи што се појавија оваа недела, односно во првата pre-patch фаза. Сè уште нема нови мисии и не може да се пристапи кон новата зона, иако истата може да се види на мапата на Azeroth и постои транспорт и портал до истата. Тиер сет бонусите повеќе не работат, освен во данџени и рејдови соодветно експанзијата. Има и нов мод за PvP, така наречен Rated Solo Shuffle, што ерангирана варијанта од претходниот мод Solo Shuffle Brawl, за којшто може подетално да се прочита на ова FAQ: Rated Solo Shuffle Update for Dragonflight – FAQ – Wowhead News. Останува cross-faction за PvP, најверојатно и за PvE. 

Следната фаза започнува на 15ти Ноември, кадешто подлабоко ќе навлеземе во новите содржини, односно конечно ќе се запознаеме со новата класараса Dracthyr Evoker и нивната почетна зона, ИИиии ќе започне pre-patch настанот со име Primal Storms и ќе видиме преработка на данџенот Uldaman; Legacy of Tyr.

Тоа е тоа, сега за сега, до нареден пат.

Топче кисче,

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Во нов блог пост денес, се објави првиот бран на наслови кои доаѓаат на XBOX Game Pass во мај 2024 година, како и Have a Nice Death, кој е достапна од денес.

За жал, првиот бран додава само уште четири игри покрај Have a Nice Death. Претстојните наслови до 14 мај ќе вклучуваат:

  • Tomb Raider: Definitive Edition – May 2nd
  • Kona II: Brume – May 7th
  • Little Kitty, Big City – May 9th
  • Brothers: A Tale of Two Sons – May 14th

Во меѓувреме, денешниот блог пост споменува дека двојно повеќе наслови ќе заминат на 15-ти мај, вклучувајќи ги и оние како Eiyuden Chronicle Rising и Just Cause 4 Reloaded.

Tomb Raider: Definitive Edition е секогаш добредојден додаток, но како Brothers: A Tale of Two Sons, тоа е повратен избор на Game Pass.

Претходно овој месец, XBOX исто така објави дека Shadow of the Tomb Raider Definitive Edition доаѓа и на априлскиот Game Pass. Значи, нема многу свежа IP адреса и има помалку наслови од вообичаено. Првиот бран на наслови на Game Pass во мај 2024 година на крајот претставува малку затишје за претплатниците.

Little Kitty, Big City е лансирање на првиот ден, а Game Pass често блеска со повеќе лансирања од првиот ден. Но, Little Kitty, Big City секако се чини дека е наменет за тесна публика, или помлади играчи или општи љубители на животни. Во најмала рака, обожавателите можеби ќе ценат што повеќе инди се придружуваат на библиотеката.