Bethesda го објави следното поглавје за The Elder Scrolls Online, познато како Gold Road, кое ќе биде објавено овој јуни.
Ова ново поглавје за долгогодишниот MMO ќе додаде 30 часа нова содржина за играчите со сосема нова приказна, како и нови ликови.
„Во Gold Road, играчите ќе треба да го истражат враќањето на Ithelia, Daedric принц кој никогаш досега не бил виден во серијата на Elder Scrolls. Во оваа нова приказна, ќе зависи од играчите и нивните сојузници да ги откријат заговорите на најверните следбеници на Ithelia, да се сретнат со опортунистички шумски џуџиња и да ги одбранат народите на West Weald од хаосот поврзан со враќањето на заборавениот принц“.
Официјална дескрипција од најавата
Gold Road, исто така, воведува нов систем познат како Scribing. Scribing им овозможува на играчите да собираат и персонализираат вештини, како и да ги приспособат на нивниот специфичен стил на игра со уредување на нивните ефекти.
The Elder Scrolls Online: Gold Road излегува на 3 јуни за играчи на PC и Mac. Оние на Xbox и PlayStation ќе треба да почекаат уште малку до 18 јуни за да го искусат следното поглавје од играта.