Scars Above – Големата Sci-Fi Авантура од Србија (Рецензија)

Иако Балканот секогаш бил фанатик за играње на игри, правењето на големи и забавни може да се каже дека започна во текот на минативе години кога гејмингот навистина влегува во златното време, не престанува и само иде на подобро и подобро!

Благодарение на ова Гејминг Двиежење и растење на пазадор секој ден, во Србија се чуствува многу интересно движење со тоа што почнуваат да се прават и издаваат AAA игри! Минатата година од Србија дојде една многу добра BioPunk Survival игра – “SCORN” која што го освои светот и се прошири насекаде. Многумина мислеа дека тука ќе запре се, но од никаде се појави едно Српски студио кое се вика “MAD HEAD GAMES” кое што ја направи својата прва игра и треба да биде голем хит! Студиото познато како MAD HEAD, или ние ќе си го викаме “Главо Луда” ја издаде својата ПРВА игра “SCARS ABOVE” која што е Тешка Sci-Fi Шутер Авантура каде што треба да дознаете што се случува, каде сте, зошто сте и многу други мистерии! Колку е легендарен фактот што ја правите вашата прва игра и стигнува да се рамни со најголемите наслови оваа година бидејќи сте директно фрлени да ве има насекаде и на секоја платформа!

Иако на студиото ова им е прва игра направена (збориме за прва голема и сериозна, имаат некои мали Indie Мобилни игри), они имаат веќе испланирано и започнато да ја прават нивната следна голема игра. Таа следна игра е во Почетна Фаза но само знаеме дека е адаптација на некоја позната Филмска Хорор Франшиза! И тоа треба да биде изненадување!

Србите си сакаат Sci-Fi Мистерии и Авантури

Сите знаеме дека порано една од најчитаните дела на Балкнов (Југославија) биле Sci-Fi авантурите кои доаѓале од Русија и другите места и биле преведувани на Српски и други јазици. Посебно во Србија они многу си го сакале тој жанр што им е останат до ден денес па затоа и овие млади дечки решиле да не одат на непознати полиња, одбрале да си прават тоа што си го сакаат и знаат дека ќе владеат во тоа!

Scars Above не крие дека најголемата инспирација за се како да личи си ја земала од PlayStation хитот – Returnal. Дури приказната е многу слична бидејќи вие играте како Женски протагонист кој што е во свемир и во еден момент паѓа на некоја планета и мрачно место со тоа што не знае што се случува и како дошоло до овој период. Вашата цел во играта е да дознаете каде сте, зошто сте паднати на тоа место и зошто местото каде што сте има Мутирани Чудовишта кои што ве гледаат како плен и сакаат да ве масакрираат. Приказната е многу интересна бидејќи вас не ве замара толку многу за вие да треба да влегувате во најмалите ќошиња и да читате текстови и чуда за да дознаете што се случува. Не… приказната ви дава едно AI другарче кое ве води во текот на целата игра и заедно откривате се како што е полека и сигурно.

Колосална и чудна структура на вонземјани се појавува во орбитата на Земјата и го запрепастува целиот свет. Човештвото го именува како „The Metahedron“. Тимот за проценка и одговор на чувствителен контакт (SCAR) – составен од научници и инженери – е испратен да истражи. Работите не одат според планираното и The Metahedron го носи тимот низ вселената на мистериозна екстрасоларна планета. Вие сте Dr. Kate Ward – член на SCAR – која се буди зашеметена, сама во чудна, непријателска средина. Решени да преживеете, тргнувате да ја пронајдете вашата екипа и да ја откриете мистеријата зад она што се случило. Приказната е кратка но слатка. Не е нешто што ќе ви го промени животот но затоа би требало да уживате во тоа што ќе го доживеете.

Scars Above за малку ќе била Soulslike игра

Многу е интересно што иако најголемата инспирација им е Returnal за целата околина, сепак гејмплејот уште од самиот почеток се гледа дека они многу сакале да направат Soulslike игра која што нема да ве замара премногу со оружја и начини на борба, но изгледа дека во некој момент сфатиле дека тоа не можат да го направат до крај.

Од самиот старт сфаќате дека ова можно е да биде некој вид на Soulslike бидејќи се работи за релативно тешка игра која што ви дава опција на Bonfire, но овде е Вонземјански Монолит, сличен на тој од “2001: A Space Odyssey“. Тоа што се случува на тој Монолит е како во секоја Soulslike игра. Доколку го активирате Непријателите се враќаат, вашиот HP се полни, ви се враќаат ајтемите за користење и се останато. Најголемот пад кој што играта го има за да не е Soulslike е тоа што се случува во делот на истражување на светот. Светот е делумно празен и немате да имате момент дека нешто нема да најдете или видите. Одма сфаќате дека ако одите право ќе продолжите со приказната, но доколку свртите лево и десно а се работи за целосно отворен пат знаете дека таму има нешто мало и ситно. Јас секогаш прво идев да го земам тоа нешто што се крие таму па после си продолжував со приказната. Голем пад е што делот на истражување малку заборавиле да го имплементираат на подобро ниво.

Добрата страна на играта е што иако сакале да биде Soulslike гледале да не замараат многу со оружја и во тоа доволно успеале. До крајот на играта има 4 вида со 4 различни моќи – Молња, Оган, Мраз и Токсичност. Како што кажав не сакале многу да замараат но затоа прекрасно го доловиле делот со оружја што сакале да го направат. Комбинациите што можат да се прават се маестрални. Прeдлог: Мрзнете ги непријателите па после пукајте со молња! Лудница е!

И дополнително немате само пукање во играта, имате и опција за Melee каде што имате еден многу интересен нож/меч кој што е многу инспириран од некој си Lightsaber од Star Wars!

Кога сме кај Soulslike механиките, со карактерот ги имате познатите механики кои што се само Dodge, но немате Parry. Немате никогаш да имате потреба од Parry пошто вие само пукате, скоро никогаш нема да искористите Melee. Dodge е многу добра механика која што ќе ја утепате од користење бидејќи е многу битно за избегување на многу удари и многу работи кои што ќе ви штетат за да не ве искршат. Како во секоја Soulslike имате Stamina која што ви се користи за Брзо Трчање, Dodge и Melee удари. На прво играње малку испаднав идиот за фактот што заборавив дека има Stamina која се користи за Melee и на моменти мислев дека Џојстикот не ми работи бидејќи ударите не ми ги чита… :’)

БОСОВИТЕ СЕ ЛУДОРИЈА!

Светот е Маестрален

Ако за нешто можат да се фалат девелоперите на SCARS ABOVE е тоа што светот и околините ги направиле маестрално! Или ајде… да не претеруваме премногу… Свесни сме дека се работи за многу големи асети од Unreal Engine 5, но сепак му ја извадиле маста на Енџинот и направиле нешто многу добро! Светот е подолен на неколку целосно уникатни делови каде што се дели на Мочуриште, на некој вид на Полјана, дел каде што се е замразнато со Снег, и дел каде што нема да ви направиме спојлер ама изгледа многу страшно и гадно кога играте во тој дел!

Нормално кога се работи за различни делови на светот, мора да има и различни непријатели. Најдобриот дел од оваа игра е што девелоперите навистина се потрудиле да направат голем ростер на непријатели кои што се многу уникатни и ниту малку ви здосадуваат да ги тепате и гледате. Не ви здосадуваат бидејќи сепак во Мочуриштето нема да најдете непријатели со Крзно или во Замрзнатиот дел нема да најдете Пиштол Голи непријатели што се само лигави и под гола кожа. Јас се зачудив за колку се потрудиле да направат толкав ростер на целосно уникатни непријатели што реално од вакви игри и не можеш баш да го очекуваш. Но еве го делот на тоа дека сакале да биде Soulslike игра! Не бутале само, туку паметно правеле непријатели!

Светот е толку уникатен што двете најголеми зони кои што ќе ги видите во играта – Мочуриштето и Снегот, имате многу негативни страни кои што ќе ви одмагаат при играње на играта. Негативностите се тоа што во мочуриштето имате води кои што полни со црви и бактерии кои што ќе ви ја исцицаат силата веднаш. Морате водата прво да ја замрзенете па после да газите на мразот. Во Ладните Делови на светот многу брзо добивате Хипотермија! Морате да наоѓате начини како да се стоплите инаку мрзнете и силата ви цркнува одма!

Сите непријатели се мутирани суштества што некогаш биле нешто, сега се чудовишта кои што личат на нешто директно инспирирано од Alien. Лигави, многу црева, многу мутирања и многу останати чуда. Многу гадни чудовишта искрено. Најголемата уникатност што ги имаат непријателите е што сите се тепаат на различен начин и сите имаат разлчни слаби точки. Некои непријатели најдобро се тепаат со Молња, некои со Оган, некои со Мраз прво да ги замрзенете! Доколку играте на лесно ниво лесно ќе победувате без да пукате во слаби точки, но… доколку сте луди како мене и ставивте одма на HARD, едноставно ќе морате да ги барате слабите точки на убивање!

Свет Маестрален, Карактери Пустелија и Мизерија

Иако го испофалив светот дека е маестрален за како е изграден, сепак мора да се иде контра тоа и да се каже дека ако очекувате да видите некои карактери се лажете сами себеси. Ајде може да кажеме дека е глуп фактот што сепак вие паѓате на некоја планета и не треба да очекувате никакви Луѓе, но сепак нема никакви карактери што ќе ги запознаете во играта. Си го имате екипажот што само на почеток си зборите малку и ги гледате на почеток во еден синематик, и после само се запознавате со еден AI другарка која ве води низ светот во секој момент мислите дека ќе ве заебе и дека она ќе биде последниот непријател.

Проблемот што го имав јас овде е тоа што сакав да има малку повеќе контакт со NPC’s и сакав малку да има повеќе таков живот. Супер е тоа што само шетам и масакрирам непријатели, но сепак протагонистот се чуствува како да си шета низ Дебар Маало и иде на кафе… Ни се плаши каде е, ни се прашува зошто е баш овде, ни ја интересира дали има некои луѓе или нешто на светов. Не, буквално како да знае се како веќе ова да и е дел од денот и точно знае што и како треба да прави. Ужасно негативна ствар бидејќи не е направено баш како што треба.

Завршни зборови…

Scars Above е нешто што е многу инспирирано од големи и фамозни игри што дефинитивно треба да се изигра доколку сакате Sci-Fi Авантури. Играта е прилично кратка, можете да ја завршите целосно во еден ден со сите Ачивменти со се, но сепак е нешто што треба да се проба.

Не е нешто што ќе ви го промени живото, приказната нема да ве прероди, не е нешто што до сега не сте го виделе, но сепак е само едно кратко уживање. Доколку сакате да ја купите и играте, нема да згрешите!

МАРКЕТИНГ

About The Author

IKEA штотуку го претстави BRÄNNBOLL, целосно нова колекција на мебел наменета за гејмерите. Ова е разновиден опсег кој вклучува дваесет нови видови на мебел, од кои сите се дизајнирани да ги поддржуваат гејмерите на различни начини. Претежно е центрирано околу столици, но има и решенија за складирање, корпи, маси и странични маси кои влегуваат во колекцијата.

Гејмингот стана мејнстрим за сите

Во блог пост објавен на веб-страницата на IKEA, беше наведена основната желба за палетата BRÄNNBOLL:

With BRÄNNBOLL, we are embracing the idea that gaming is for everyone and belongs everywhere in the home. It’s about making it simple for people to create spaces that adapt to gaming, living, and everything in between. We hope this collection will encourage friends and families to engage together, bringing joy and connection through shared gaming experiences.

Во колекцијата BRÄNNBOLL има неколку врвни предмети, вклучително и тепихче, но и подлога за маус, но поголемиот дел од комплетот е составен од предмети за мебел. Со оглед на тоа што е дизајниран да се издвојува од елементите на „традиционалниот дизајн на игри“ што ги знаеме толку добро, BRÄNNBOLL, на почетокот, не е најочигледниот опсег за гејмерите. Се вели дека може да се пофали со „разигран, уникатен изглед“ кој може – понекогаш – „физички да го ангажира играчот“.