Sony работат на нова Astro Bot игра за оваа година

Во една неодамнешна епизода од емисијата Game Mess Mornings, Џеф Груб изјави дека Sony би можеби работат на сосема нов дел од серијалот на Astro Bot што би излегла во 2024 година. Ова се само шпекулации, а Sony се уште нема ништо официјално потврдено. Сепак, Груб го изјави следново:

I’ve heard maybe Astro does happen this year

Џеф Груб

Иако имаше гласини дека Sony нема да објави некои големи наслови во блиско време, Astro Bot е релативно мало IP. Исто така, помина некое време откако беше објавена најновата игра. Тоа беше нормално кога пристигна PS5 бидејќи беше бесплатна ексклузива за конзолата.

Обожавателите веројатно ќе го препознаат IP-то на Astro Bot од игрите како што се Astro Bot Rescue Mission од 2018-та и Astro’s Playroom. И двете игри заработија високи оценки и сè уште имаат речиси универзално признание меѓу критичарите и играчите. Тие се брилијантни платформери со многу шарм и основни елементи на конзолата.

Има многу простор за нови содржини, особено ако самата платформа PlayStation продолжи да се развива. Од оваа недела, Sony наводно има испорачано 54,8 милиони конзоли ширум светот. Благодарение на новите финансиски извештаи, фановите исто така дознаа дека PlayStation Networks има повеќе корисници од кога било досега. Значи, новата Astro Bot игра е апсолутно задоцнета.

Засега, обожавателите можат да погледнат некои од 13-те нови игри кои доаѓаат во библиотеката на PlayStation Plus овој месец. Списокот вклучува AAA игри како Assassin’s Creed Valhalla.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!