Activision добија тужба од $680 милиони од OpTic Gaming поради Монопол над Call of Duty сцената

Штотуку беше објавено дека Activision добиле тужба од високи членови на OpTic Gaming за нивниот наводен монопол над еспортската сцена на Call of Duty. Во написот што се појави во Bloomberg Law, беше наведено дека тужбата, која беше поднесена вчера, доаѓа по долгогодишни интензивни ограничувања, изнудувачки трошоци и поттикнување на антиконкурентен екосистем.

Тужбата е поднесена првенствено од Хектор „H3CZ“ Родригез и Сет „Scump“ Абнер од OpTic Gaming, а беше наведено дека се бара отштета од 680 милиони долари.

Некој се пука, некој си води Монопол

Во тужбата, се тврди дека Activision имаат строг монопол над сè што е поврзано со е-спорт сцената Call of Duty, од спонзорските тимови до турнирите што може да се одржат. Првично, највисокиот турнир на сцената, Call of Duty League, беше формиран за да ја замени Светската лига на Call of Duty, а инаугуративната сезона се одржи во 2020 година.

Сепак, новата лига беше критикувана од фановите уште од самиот почеток, со тоа што Activision им наплаќаше на организациите неверојатна сума од 27,5 милиони долари за да обезбеди еден од престижните слотови, франшизирајќи ја лигата и оддалечувајќи се од поотворениот формат што постоеше порано. Сега, тимовите кои што се погодени од страна на Activision на COD еспортската сцена поднесоа тужба од 680 милиони долари, што веднаш беше наидено на остар отпор од претставниците на Activision:

Mr. Rodriguez (aka OpTic H3CZ) and Mr. Abner (aka Scump) demanded that Activision pay them tens of millions of dollars to avoid this meritless litigation, and when their demands were not met, they filed. We will strongly defend against these claims, which have no basis in fact or in law.

We are disappointed that these members of the esports community would bring this suit which is disruptive to team owners, players, fans, and partners who have invested so much time and energy into the Call of Duty League’s success.

Во едно од најопасните тврдења во тужбата, се тврди дека Call of Duty League дека Activision се збогатила со целосна кражба на парите на голем дел од тимовите и играчите. Многу тимови не ги добиле своите вистински заработки и финансии, и тврдењата се дека се во џебовите на Activision.

МАРКЕТИНГ

About The Author

Утрово официјално „Амазон Студиос“ (Amazon Studios) и „Гејмс Воркшоп“ (Games Workshop) го финализираа договорот кој се подготвуваше цела година. Завршувањето на овој договор значи дека Амазон Студиос сега има ексклузивни права за сите филмови или телевизиски проекти поставени во универзумот на Warhammer 40.000 – а според следната обновена информација од Гејмс Воркшоп, во подготовка се повеќе проекти.

Веста беше споделена и на социјалните мрежи од Хенри Кавил, кој најдолго време е поврзан со проект поврзан со Warhammer 40.000. Тој ќе продуцира и ќе игра главна улога во своја серија, што ќе му овозможи уште еден начин да ја истражува својата страст која ја следи веќе 30 години.

Потпишано, Запечатено и Доставено! Во ажурирање објавено од тимот на Warhammer, беше потврдено дека неколку проекти се на пат од универзумот на Warhammer 40,000. Изјавата гласи:

Официјално е – Games Workshop и Amazon Studios го финализираа својот договор – креативните упатства се утврдени, и сега сме подготвени да го донесеме Warhammer на екран.

Но, што точно значи тоа?

Па, тоа значи дека сега имаме синопсиси и распоред за приказните што ќе ги раскажеме… да, кажавме приказни! Можеби беше потребна година, но беше година добро потрошена! И каква забава – пребарување низ огромноста на универзумот на Warhammer 40,000, дебатирање за ликови, приказни и тематската суровост што го поддржува сето тоа.

Во правното соопштение, беше наведено дека Амазон исто така има опција да ги лиценцира правата за универзумот на Warhammer Fantasy по објавувањето на било која продукција од Warhammer 40.000 – така што овој договор може на крајот да се продлабочи значително.

За жал, тимот на Games Workshop и Amazon Studios нагласија дека ќе поминат многу години пред целосно да се појави продукцијата. Оној проект што е наречен „Project One“ е сè уште во фаза на подготовка за пишување на сценариото, така што ќе треба да чекаме долго време пред да се остварат резултатите од овој договор.

„Процесите на продукција во однос на филмовите и телевизиските серии може да траат неколку години.“

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!