Новиот DualSense Edge Wireless контролер за PlayStation 5

Можно е да се распадне при гејмање

PlayStation 5 добива нов контролер: DualSense Edge, премиум варијанта со дополнителни копчиња, опции за прилагодување и можност за замена помеѓу различни контролни присети.

Како што ни прикажаа во трејлерот на Gamescom Opening Night Live 2022, DualSense Edge има две нови „копчиња за назад“ (директно зад аналозите) заедно со лизгачи до активирачите кои ви дозволуваат да го промените растојанието, според блогот на PlayStation. Самите аналогни стикови ќе бидат лесно заменливи и ќе можете лесно да ги костимизирате. Контролерот ќе доаѓа спакуван со два различни типа на задни копчиња и три различни опции за капачињата за аналозите. Иако самите аналози ќе може да се заменат, тие опции ќе се продаваат одделно. DualSense Edge, исто така, ќе ви овозможи да се менувате помеѓу одделни претходно поставени конфигурации додека се префрлате од, на пример, тркачка игра на шутер. Или на прост начин кажано – Ќе можете се што сакате да менувате.

Во однос на естетиката, ги има и симболите на PlayStation вградени низ тач-падот и врежани во активирачите – слично како што се на предната страна на PlayStation 5. И сега нормално целиот контролер е направен со сите симболчиња, но овде ќе биде многу боље.

Засега, нема информации за времето на објавување или цена за одговорот на Sony на Xbox Elite контролерот. Иако е рано да збориме за тоа, но вака од прво гледање некако XBOX Elite е многу подобар од DualSense Edge.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

KeokeN, девелоперите зад неколку помали игри, објавија дека ги отпуштаат сите вработени во студиото. Одлуката доаѓа по неуспехот да соберат нешто „значајно“ по присуството на Конференцијата за развивачи на игри (GDC) во Сан Франциско.

Во изјавата објавена на Твитер, извршниот директор Коен Дитман и управниот директор Пол Дитман го објаснија изборот да ги отпуштат преостанатите вработени.

Срцето скршено, моравме да го отпуштиме нашиот тим во KeokeN бидејќи ништо суштинско не се материјализираше директно по нашата посета на GDC“, велат тие. „За жал, ги исцрпивме сите наши можни опции за објавување, работа за изнајмување и заеднички развој.”