Marvel’s Spider-Man 2 Пристигнува во Септември

Изгледа дека еден значаен актер кој треба да се појави во Marvel’s Spider-Man 2 можеби штотуку го прикажа претстојниот месец на објавување на продолжението на играта за PlayStation 5. Во моментов, и PlayStation и развивачот Insomniac Games се обврзаа само да го објават Spider-Man 2 во одреден момент во текот на есента 2023 година. И иако се чинеше веројатно дека повеќе информации за насловот ќе има наскоро, можеби…

Врз основа на новиот твит од Tony Todd, кој треба да го дава гласот на Venom во Marvel’s Spider-Man 2, играта за PS5 е на пат да биде објавена во септември 2023 година… Големата промоција ќе започне во август, што потоа ќе доведе до објавување на самата игра следниот месец. Повеќе детали за оваа ситуација не беа дадени од Todd, но ова е најдефинитивната информација што ја слушнавме за проектот од секој што е вклучен во него.

„Looks like September!” Todd изјави како одговор на еден фан кој изрази возбуда за Marvel’s Spider-Man 2. „Massive publicity coming in August. Commercials start dropping in August so I’m told. Hold on to your… and hold [your] breath! Gonna be necessary.“.

Ако овој месец на објавување за Marvel’s Spider-Man 2 е точен, тогаш е разумно дека PlayStation и Insomniac Games ќе почнат да споделуваат повеќе детали неверојатно наскоро. Во овој момент, сè што видовме од Spider-Man 2 е трејлерот за играта, кој првпат беше прикажан во 2021 година. Оттогаш, не се појавија никакви дополнителни снимки, што доведе до тоа фановите да станат прилично лути. . Дали септември 2023 година ќе стане официјален прозорец за лансирање на Marvel’s Spider-Man 2 или не, останува да се види, но ако тоа се случи, тогаш играта ќе оди „пет до пети“ со Starfield на Xbox, кој исто така е подготвен да излезе во овој месец.

МАРКЕТИНГ

Студиото Sucker Punch Productions, креатори на Ghost of Yōtei и Ghost of Tsushima, се соочува со нов бран отпуштања. Според извештај на Aftermath, 24 вработени го загубиле работното место. Студиото имало околу 200 вработени, иако тој број можеби е поблиску до 230. Тоа значи дека се отпуштени приближно 10 до 12 отсто од вработените.

Aftermath имал увид во мејл што раководството на студиото им ја испратило на вработените во врска со отпуштањата. „По внимателно следење на предизвиците на пазарот и разгледување на потребите на тимот за нашиот следен проект, одлучивме да го намалиме бројот на вработени“, соопштило студиото на PlayStation.

„Знаеме дека ова е тешко да се прифати и сакаме да ве увериме дека одлуката не ја донесовме лесно. Внимателно ја разгледавме ситуацијата и се потрудивме што е можно повеќе да им помогнеме на колегите погодени од оваа промена. Нема сомнеж дека ова е тежок ден. Следната недела ќе разговараме подетално за иднината“, се наведува во пораката.

Ghost of Yōtei беше објавена минатата есен и наиде на одличен прием кај критичарите и играчите. Играта има оценка од 86 на Metascore на Metacritic и беше меѓу кандидатите за наградите на повеќе церемонии во 2025 година. На февруарските DICE Awards освои три награди: за најдобра авантуристичка игра на годината, извонредно достигнување во дизајнот на ликови и извонредно достигнување во оригиналната музичка композиција.

Успехот се одрази и врз продажбата. Според процените, до октомври 2026 година играта била продадена во 5,4 милиони примероци и остварила нешто повеќе од 400 милиони долари приход. Во јуни 2026 година, Alinea Analytics објави дека Ghost of Yōtei била најпродаваната игра на Sony од сопствените студија или од студија во нејзина сопственост во текот на годината дотогаш. Во тој период биле продадени 1,1 милион примероци, со приход од 77,6 милиони долари.

Засега не е познато на кој проект се однесува споменувањето на „следниот проект“ на Sucker Punch. Од 2020 година наваму, студиото објавуваше исклучиво игри од серијалот Ghost, како и нивните мултиплеер-режими. Претходно, Sucker Punch работеше на серијалите Sly Cooper и Infamous.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!