Insomniac Games се пофалија со 10 Милиони продадени копии на Marvel’s Spider-Man 2

Insomniac Games објави дека Marvel’s Spider-Man 2 се продала во над 10 милиони копии од нејзиното објавување во октомври 2023 година.

„Ви благодариме за поддршката и што го овозможивте ова спектакуларно патување“, велат од студиото.

Покрај специфичните продажби на играта, целиот серија достигнал над 50 милиони продадени копии. Тоа се протега на три игри: Спајдермен, Мајлс Моралес и Спајдермен 2.

Во моментов, компанијата ја финализира работата на следното големо ажурирање на играта што ќе вклучува голем број ажурирања, вклучувајќи нови костуми и мошне очекуваниот режим на New Game+. Тоа ажурирање треба да пристигне на 7 март.

Marvel’s Spider-Man 2 е достапна ексклузивно за PlayStation 5, но ќе видиме кога би пристигнала и она на PC. Моментално корисниците на PlayStation Plus Premium, можат да ја играат бесплатено играта околу 2 часа за да видите дали сте спремни да ја купите.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Од мала македонска гејминг сцена до препознатливо име во глобалната гејм дев заедница, MystiveDev продолжуваат да го градат своето место меѓу креаторите кои ја поместуваат границата на развојот на видео игри. Неодамна, студиото од Македонија се најде и на листата на Feedspot меѓу 20-те најдобри Гејм Дев инфлуенсери за 2026 година, што претставува уште едно признание за нивната работа, посветеност и влијание во индустријата.

Во разговор за ГГ.МК, од MystiveDev зборуваат за патот кој ги донесе до ова признание, предизвиците со кои се соочуваат независните гејм девелопери, развојот на македонската сцена и визијата за иднината на студиото.“

П: Огромни се шансите за нашите фанови и читатели на ГГ.МК да се запознаени со MystiveDev и целиот ваш асортиман што го имате направено досега. Но сепак за сите што не ве знаат, кои се MystiveDev, студиото со слоганот „Двајца браќа. Едно Студио. И игри правени да ве ловат“? Како би се претставиле пред нашата публика?

Двајца браќа од Охрид, Боби и Жанко Мојсовски, кои скоро цел живот го поминале со видеоигри, а последните повеќе од петнеаесет години и во нивно создавање. Жанко е фокусиран на гејм системите, програмирање и техничка страна, а Боби работи се што е поврзано со аудио, визуелно и маркетинг. Се разбира, во тим од двајца луѓе границите не се секогаш строги. Заедно ги развиваме приказните, механиките и целокупната визија на секој проект. Најмногу не знаат по хорор игрите Mirror Forge, Chasmal Fear и Saint of Chains, но нашиот пат започна многу порано, со модови и мапи за други игри, како и со Alan Sharp, игра на која работевме како дел од претходно студио. Сакаме нашите игри да останат со играчите откако ќе завршат, преку атмосфера, приказна или чувство што ќе продолжи да ги следи. Тоа е можеби најкраткиот начин да објасниме што сакаме да биде MystiveDev.

П: Секоја успешна приказна има момент кога нечија идеја прераснува во нешто многу поголемо. Кој беше тој момент за MystiveDev? Како изгледаа вашите почетоци, што ве мотивираше да го направите првиот чекор и со какви предизвици се соочивте пред студиото да стане тоа што е денес?

Ние речиси цел живот сме пред компјутер. Нашиот татко беше програмер и страствен гејмер и ни ги покажа игрите како Warcraft, Doom, Duke Nukem, Black Thorne уште како многу мали. Во еден момент повеќе не ни беше доволно само да играме. Почнавме да експериментираме со едитори за мапи и модови во Warcraft III, Half-Life, The Elder Scrolls и други игри. Подоцна, заедно со уште еден член, го започнавме Alan Sharp под името Mystive Studios. Работевме на играта приближно шест години, а поголем дел од потребните работи ги учевме додека ја развивавме. Во меѓувреме извадивме и мал проект: Wipe: Toilet Plague. Поради различни визии и размислувања, тоа студио се раздели. Ние продолживме како MystiveDev и започнавме да работиме на Mirror Forge. Во тој период сè уште имавме редовни работни обврски и freelance проекти. Јас работев во дигитален маркетинг, Жанко студираше на ФИНКИ, а игрите ги развивавме паралелно со сè друго. Би рекол дека Mirror Forge беше пресвртницата за нас бидејќи интересот експлодира, почнавме многу брзо да растиме со фанови и поддржувачи и потпишавме договор со нашиот прв Холивудски издавач и инвеститор – DreadXP. Тоа ни даде можност да откажеме од на работа и да се посветиме 100% на нашиот сон. Како “лек“ за “burnout“, извадивме уште една малечка игра “Santa Fell in the Wrong House” која беше бесплатна на itch.io.

По Mirror Forge следуваше Chasmal Fear – уште еден амбициозен проект каде повторно добивме соработка и партнерство со уште еден холивудски издавач/инвеститор Snail Games/Wandering Wizard USA – големо студио познато по франшизата ARK: Survival Evolved.

И конечно сега, би рекол го направивме најхрабриот чекор сами да ја издадеме нашата последна игра Saint of Chains (Мај 12, 2026) која сеуште добро расте, а по reviews ни е можеби најдобрата игра според фановите.

П: Иако зад себе имате успешни проекти и меѓународни признанија, MystiveDev и понатаму функционира како студио составено од двајца луѓе. Дали тоа е свесна одлука за да ја задржите креативната контрола и флексибилноста, или пак проширувањето на тимот едноставно носи предизвици? Гледате ли во блиска иднина простор MystiveDev да прерасне во поголемо студио?

Тоа е делумно свесна одлука, но делумно е и резултат на реалноста во која функционираме. Како двајца браќа кои имаат многу сличен вкус за игри, филмови, уметност и хорор, можеме многу брзо да комуницираме и да носиме одлуки. Не ни се потребни долги состаноци за да објасниме што сакаме да постигнеме. Честопати едниот започнува идеја, а другиот веднаш разбира во која насока треба да се развива. Тоа ни дава голема креативна слобода и флексибилност. Исто како што гледаме денес, инди игрите почнаа ненормално да успеваат и фановите строго се насочуваат кон инди игри. За тоа доказ се доста студија ширум светот кои се состојат или од еден девелопер (Zeekerss со Lethal Company), или двајца (Chilla’s Art браќата со листа од 30 игри) или помали тимови кои не би згрешил ако би рекол дека имаат успех па дури и повеќе од ААА игри. Е сега добро да, еве ќе ви кажам дека Saint of Chains да ја направиме ни требаа 8 и нешто месеци, меѓутоа скоро 4000 саати што е некогаш и по 16 – 17 -18 саати на ден (вклучувајќи и викенди).

Во иднина секако постои можност MystiveDev да прерасне во поголем тим, но би сакале растот да биде природен и одржлив. Не сакаме да ја изгубиме директноста и личниот печат што ги имаме сега. Дури и еден ден студиото да стане поголемо, би сакале неговото креативно јадро и понатаму да остане блиску до тоа што е денес.

П: Секоја ваша игра има свој препознатлив идентитет и различен пристап кон гејмплејот. Од каде најчесто произлегуваат идеите за нов проект. Дали сè започнува со приказна, механика, визуелен концепт или едноставно со нешто што самите би сакале да го играте?

Понекогаш првата искра е механика, понекогаш е визуелна идеја, а понекогаш е емоција или тема што сакаме да ја истражиме. Кај Chasmal Fear, на пример, идејата се роди од стравот од длабока вода и ајкули хахаха, од непознатото што се крие во длабочините. Кај Saint of Chains, почетната основа беше многу поемоционална – како денешниот брз свет и време и фокусот на кариера и работа влијаат на вашите најблиски, на личностите кои ви значат и тн. Од една страна секогаш правиме игри кои би сакале да ги играме. Но, секогаш сме спремни за ГОЛЕМ компромис со тоа што го анализираме пазарот, гледаме што постои, што бараат играчите и каде можеби има простор за поинаков пристап. Не сакаме слепо да следиме трендови, но би било неодговорно целосно да ги игнорираме. Во последно време се обидуваме многу порано да го дефинираме основното искуство. Не само што се случува во приказната или како изгледа светот, туку што точно ќе прави играчот од минута во минута и зошто тоа ќе остане интересно. Најдобрата идеја е онаа во која приказната, механиките, атмосферата и визуелниот идентитет работат заедно, а не изгледаат како одделни делови што случајно биле споени.

П: Во развојот на видеоигри, грешките често се најголемиот извор на учење, но некои одлуки можат да чинат многу време, ресурси и енергија. Кој беше најскапиот погрешен чекор што сте го направиле како студио, наприемр одлука, пристап или проект што денес би го направиле поинаку? Што научивте од таа ситуација и како тоа искуство влијаеше врз начинот на кој ги развивате следните игри?

Уфф, па има неколку, меѓутоа би рекол дека најскапиот чекор ни беше во Chasmal Fear кога преку ноќ одлучивме вториот дел да биде по open-world за подоцна да сфатиме дека не само што има ПРЕМНОГУ работа, а времето за излегување на играта беше кратко, него и на крајот да сфатиме дека проширување на нивоата во хорор не е секогаш добра идеја. Како мал тим, тоа може сериозно да влијае на студиото. Секој месец си има голема цена: финансиска, физичка и емоционална. Имавме периоди со многу тешки одлуки и сериозни предизвици кои ќе ги задржиме приватни, но тие искуства целосно го променија начинот на кој размислуваме за развојот.

П: Исто така во развојот на видеоигри, не секоја идеја успева да го помине целиот пат од концепт до финален производ. Понекогаш најтешката одлука за еден тим е да признае дека одреден проект повеќе не оди во вистинската насока. Дали постои игра или проект на кој MystiveDev работеше, но во одреден момент одлучивте целосно да го откажете? Што ве натера да ја донесете таа одлука и која беше најголемата лекција што ја извлековте од тој процес?

Да, низ годините сме имале повеќе концепти и прототипи што никогаш не станале целосни игри. Всушност, еве сум заборавил, една од тие игри ми е сеуште во компјутерот. Визуелно беше ултра-реалистичен хорор со најновите можности на Unreal, меѓутоа ете, имаше нешто, би рекол имавме “чувство“ дека не е тоа тоа, па играта остана само како проект во прототип фаза. Најтешко е да прифатите дека времето што веќе сте го вложиле не е причина да продолжите да вложувате уште повеќе. Постои тенденција да размислувате: „Веќе работевме толку долго, мора да продолжиме.“ Но понекогаш тоа е само страв од признавање дека насоката повеќе не е добра. Со текот на времето, искуството не научи дека треба многу брзо да тестираш прототипи, брзо да експериментираш и да го комбинираш тоа со доста истражување на пазарот за да видиш дали функционира или треба да продолжиме во друга насока.

П: Кога работите на една игра, секогаш постои уште нешто што може да се додаде или подобри. Како знаете дека е време да престанете со развојот и да кажете дека играта е завршена? Дали тој момент доаѓа од техничка подготвеност, повратните информации од тестерите и играчите, или едноставно од чувството дека сте ја реализирале првичната визија?

Искрено, мислам дека ниту еден developer никогаш не чувствува дека играта е целосно завршена. Секогаш постои уште нешто што може да се подобри. Ако чекате да дојде момент кога нема да можете да смислите никакво подобрување, веројатно никогаш нема да ја објавите играта. Најчесто тестери и пријатели кои ги запознавме низ годините ширум светот многу често волонтираат да ја пробаат играта, па дискутираме за разноразни работи и како може да се подобри. Меѓутоа, многу често и внимаваме дали ЦЕЛТА ги оправдува средствата. Уште од почеток правиме анализа дали ова би можело да прерасне во нешто што прво би ги покрило сите трошоци плус би не поткрепило за нареден проект. Се разбира, поддршката на играта не завршува со излегувањето. По излегувањето на Saint of Chains направивме две големи надградби врз основа на реакциите, фидбекот и барањата на играчите и тоа навистина ја сврте играта 360 степени на подобро. Веруваме дека е важно да ја слушате заедницата и да продолжите да го подобрувате искуството кога гледате дека постои реален простор за тоа.

П: Одлуката да се направи документарец за едно инди студио не е нешто што се случува секојдневно. Што ве натера да ја раскажете приказната на MystiveDev преку овој формат? Дали сакавте да го документирате сопствениот пат, да ја прикажете реалноста зад развојот на видеоигри или можеби да покажете дека и од Македонија можат да се создаваат успешни гејминг приказни?

Идејата за документарецот првично дојде од нашиот издавач за Chasmal Fear, Wandering Wizard. Поради интересот што се создаде околу играта и приказната за двајца браќа од Охрид кои работат на меѓународен проект, тие сметаа дека зад самата игра постои и човечка приказна што вреди да биде раскажана. За нас тоа беше голема чест. Многу важно ни беше во документарецот да се видат годините работа, несигурноста, малите почетоци, учењето и сите различни фази низ кои поминавме пред MystiveDev да стане тоа што е денес. А исто така, ни беше навистина мило што особено се заинтересираа за нашиот Охрид, неговата историја, автентичност и убавините на Охридското езеро. 

Снимањето траеше два интензивни дена и опфати повеќе локации во Охрид со најпрофесионалниот филмски тим кој можевме да го најдеме. Еве би сакал уште еднаш да се заблагодарам на: Гораст Цветковски, Срџан Јаничијевиќ, Јове Ангелески, Ики Цветковски, Новица Крстиќ, Филип Ангеличин Жура и Сашко Георгиески (Арс Нова) кои одлично го изработија целиот проект кој им го зададе нашиот издавач. 

Доколку барем еден млад developer од Македонија го погледне документарецот и си помисли: „Можеби и јас можам да пробам“, тогаш документарецот има многу поголема вредност од обично документирање на нашата сопствена приказна. да пробам“, тогаш документарецот има многу поголема вредност од обично документирање на нашата сопствена приказна.

П: Играчите секогаш со нетрпение ги очекуваат новите проекти, особено кога доаѓаат од студио со веќе изградена база на фанови. Што можете да ни откриете за следниот проект на MystiveDev кој сè уште не е официјално објавен? Во која насока продолжувате, дали ќе видиме нешто што е природно продолжение на досегашната работа или подготвувате нешто сосема ново и неочекувано?

Во овој момент, по двете големи надградби што ги направивме за Saint of Chains, се наоѓаме во фаза на прототипирање на два нови проекти. Експериментираме со нови идеи, механики и пристапи и се обидуваме да откриеме која од тие идеи има потенцијал да стане следната целосна игра на MystiveDev. Не можеме да откриеме конкретни детали, делумно бидејќи проектите сè уште се менуваат, но и затоа што не сакаме да најавиме нешто пред самите да бидеме сигурни дека навистина функционира. Можеме да кажеме дека во прототипите постојат делови од ДНК-та по која играчите го препознаваат MystiveDev, но истовремено се обидуваме да излеземе од сопствената комфорна зона и да пробаме нешто поинакво. Не сакаме само да ја повторуваме истата игра со друга локација и други чудовишта. Дури и кога остануваме блиску до хоророт, сакаме секој проект да има сопствена причина за постоење. Во оваа фаза навистина не знаеме дали едниот проект, двата или можеби ниту еден од нив ќе станат целосни игри. Но тоа е убавината на прототипирањето.

П: Кога ќе погледнете пет години нанапред, каде ја гледате иднината на MystiveDev? Како би сакале да изгледа студиото тогаш и што би сакале луѓето да кажуваат кога ќе го слушнат името MystiveDev – по што би сакале да бидете препознаени во светската гејминг индустрија? 

Најискрено, за пет години би сакале и понатаму да можеме да го правиме ова со полно работно време, со фирма, посветени максимално на нашиот сон. Силно веруваме дека тоа е возможно и веќе сме на правиот пат. Би сакале MystiveDev да расте, да има повеќе ресурси и можеби внимателно да го прошири тимот, но не сакаме растот да дојде по цена на идентитетот. Би сакале да изградиме стабилно студио во кое можеме да преземаме креативни ризици, да учиме нови работи и да не создаваме игри само затоа што во моментот се популарни. Кога некој ќе го слушне името MystiveDev, би сакале да помисли на студио што создава препознатливи, атмосферски и искрени игри. Не мора секој наш проект да биде совршен или да му се допадне на секого, но сакаме играчите да чувствуваат дека зад него постои јасна идеја, личен труд и нешто што навистина сме сакале да го кажеме или истражиме. Одамна сфативме дека да, ние сме инди студио, а девелоперите кои ги спомнавме погоре и инди проекти кои веќе ненормално успеаа на сцената се доказ дека тоа е апсолутно возможно. Сакаме да изградиме сопствено наследство преку игрите, но не со големи зборови, туку со долгогодишна работа и со искуства што навистина ќе остават трага кај играчите.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!