MystiveDev меѓу 20-те највлијателни Гејм Дев инфлуенсери на Feedspot за 2026 година

MystiveDev

Македонското инди гејм дев студио MystiveDev, основано од браќата Боби и Жанко Мојсовски од Охрид, се најде меѓу 20-те највлијателни гејм дев инфлуенсери во светот на листата „Top 45 Game Dev Influencers in 2026“, објавена од платформата Feedspot. Студиото е рангирано на 19. место, во конкуренција со познати имиња од светската индустрија за развој на видеоигри.

Feedspot ги рангира креаторите според повеќе критериуми, меѓу кои се влијанието во индустријата, ангажманот на публиката, квалитетот на содржината и присуството на социјалните мрежи. На листата покрај MystiveDev се наоѓаат и познати личности како Ед Бун, ко-креаторот на Mortal Kombat, како и други независни и професионални развивачи на видеоигри.

MystiveDev е мало независно студио кое го сочинуваат двајца браќа, а изминативе години успеа да се издигнат на меѓународната сцена со хорор наслови како Mirror Forge, Chasmal Fear, како и најновиот проект Saint of Chains, кој беше објавен годинава.

Боби на својот Фејсбук профил објави дека сето ова не би било возможно без неговиот брат Жанко. Двајца браќа коишто градат големи проекти и секојдневно напредуваат.

Додека јас се фокусирам на аудио/визуелниот дел, тој е тој што преку програмирањето ги оживува нашите идеи. Двајца браќа, шест игри, десетици илјадници саати работа со љубов (само последниот проект ни беше околу 4000 саати во 8 месеци), една визија

Напиша Боби Мојсовски

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!