Philharmonix – Новата игра на Archona Games е на Kickstarter

Пред неколку години тоа што почна како убава идеја и пасија кон Друштвени Игри, денес прерасна во сериозно студио кое што може да се пофали со голем број на наслови што реално ни на светско ниво не можеме да го видиме! Легендаите од Archona Games официјално ја пуштија нивната следна друштвена игра на Kickstarter – Philharmonix.

Арконците ја извадија нивната прва игра Small Star Empires во далечната 2016 која што имаше мега-гига успешна Kickstarter кампања. И нормално како една од најуспешните Друштвени игри, дечките не сакаа да запрат токму таму! Арконците некако го фатија трендот на “секое летенце, ново детенце”. Со тој тренд Арконците до сега ги имаат издадено игрите – Small Star Empires, Galactic Warlords, Small Samurai Empires, Small Railroad Empires, Magna Roma, Pest, Light in the Dark, и сега по ново и Philharmonix.

Друштвената Игра Philharmonix иако на Kickstarter беше пуштена пред само неколку дена, целта на собирање на сумата беше собрана буквално за помалку од 24 часа од неколку стотици Бекери! Кампањата ќе трае цел месец, и до завршувањето се очекува сумата да е многу драстична што премногу ќе им помогне на студиото да можат да направат огромен број на копии кои што ќе можат да ги продаваат на повеќе локации, не само на луѓето кои што се бекери на Друштвената Игра!

Знаеме дека Милан Тасевски и тимот од Archona Games веќе долго време сакаа да направат игра поврзана со музичка тематика и официјално дојдовме до степен кога играта е во финалните фази и ќе ја видиме и играме за многу брзо време!

За сите информации околу Philharmonix и нормално доколку сакате да бидете Бекер на проекот можете да го погледнете —> ТУКА

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN