Sony изјавија дека PlayStation 5 влегува во “последната фаза” од животот

Откако беше објавено дека Sony испорачале 54,8 милиони единици ширум светот на конзолата PlayStation 5, Sony изјавија дека конзолата оди во „последната фаза од својот животен циклус“. Или поубаво кажано оди накај јакото!

Според потпретседателот на Sony, Наоми Мацуока, компанијата очекува дека продажбата на конзолата ќе почне да паѓа во текот на следната година…

Looking ahead, PS5 will enter the latter stage of its life cycle. As such, we will put more emphasis on the balance between profitability and sales. For this reason, we expect the annual sales pace of PS5 hardware will start falling from the next fiscal year.

Изјава од Наоми Мацуока за Блумберг

PlayStation 5 првпат беше пуштена во продажба во ноември 2020 година и постојано ја надминуваше продажбата на Xbox Series X|S во текот на тековната генерација. Sony неодамна објави освежување, или познато како фејслифт – Конзола што може да се вади делот за дискови.

Имаше гласини за PS5 Pro е во изработа од Sony, но компанијата допрва треба да навести за нешто што доаѓа. Што се однесува до следната генерација, Мајкрософт очекуваше PlayStation 6 да биде лансиран во 2028 година, според судските документи од минатата година.

Една работа што треба да се забележи, додека Мацуока вели дека конзолата влегува во последната „фаза“ од својот живот, јавниот извештај што го објави Sony наведува дека PS5 влегува во втората „половина“ од циклусот.

МАРКЕТИНГ

Тагови:

Спорели на:

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN