Одбројување до Dragonflight: Шампионите од Azeroth пристигнаа

Броиме ситно до новото продолжение (експанзија) на World of Warcraft наречена Dragonflight. Поминати се само три години од настаните во Shadowlands и конечно се враќаме во Azeroth, каде што нѐ чекаат нови изненадувања. Или може да се кажеме дека на некој начин и се враќаме (повторно) во времето. Во времето на креацијата и првите бранители!

Со доаѓањето на вториот Pre-Patch, се запознаваме со Dractyr и нивните проблеми, кои што паѓаат на наша глава (како и секогаш) за да ги решиме. На располагање ја имаме новата класа/раса наречена Draktyr Evoker, што може да се игра како ranged DPS или ranged healer. На кратко да ги разледаме последните апдејти, па малку по малку да се спремиме за новата експанзија.

Dractyr Evoker

Драктирите се една од домородните раси на Dragon Isles, остров што преку 10 000 години е далеку од очите на обичните смртници. Но, бидејќи во тој период островот бил препуштен на чување кај Watchers (што немаат врска со претходните Watchers од другите експанзии), се случиле работи што не требале да се случат, што ги дебалансирале елементите. Драктирите, како и змејовите во овој универзум, ја црпат нивната моќ од елементите, односно воздух, вода, оган и земја. 

Dractyr

Што нудат овие нови дечки?

Можеш конечно да преживееш пад од Dalaran без да загинеш. Шала на страна, еден од поинтересните работи околу драктирите е тоа што можеш да леташ односно да лизгаш/глајдаш низ воздухот. Сепак станува збор за змејолики битија, така што некако дури и се подразбира таквата способност. Драктирите имаат неколку спелки што дозволуваат летање и маневрирање послободно низ просторот во споредба со другите класи. Но, највпечатливо се Empowered Abilities, односно појачување на спеловите во зависност од колку долго се зајакнати. Ова може да биде огромен огнен AoE бран што пали сѐ живо и диво по пат или големо лечење на другите играчи во критични моменти. Можат играчите да влезат во филм да бидат како тетка Onyxia, или тетка Alexstraza, која што е патем носител на оваа експанзија. Спеловите на Evoker класата се комбинација не само од елементите туку и даровите на dragon aspects. Така што со голема моќ, доаѓа и голема одговорност, а не само леткање наоколу.

Веќе има склопени прирачници околу како функционираат двете специјализации на оваа класа/раса. Иако веќе има и комбинации со спелките од Shadowlands Covenants, истите нема да бидат од некоја важност понатаму.

Сакаш да хилаш? Стани Preservation Evoker! Сакаш DPS? Стани Devastation Evoker!

Претпоставувам дека драктирите ќе донесат нова свежина во битки во рејдови и зандани, поради нивните интересни способности. Само да поминат само сите ребалансирања на почетокот од експанзијата. Една работа што ме одвлекува од класата е начинот на кој што изгледаат драктирите. Не знам точно како да го склопам, без да навредам некого, но се надевам дека понатаму и други раси ќе можат да ги користат моќите на змејовите.

На кратко од вториот Pre-Patch

Во втората фаза на најавувањето на новата експанзија го посведочивме настанот Primal Storms, во кој Azeroth беше нападнат од различни елементални битија на неколку локации. Како и во претходните почетоци на нови експанзии, настанот понуди добар boost и catching up за нови карактери. Настанот понуди опрема до 252 левел, играчката Bag of Furious Winds и heirloom trinket Unstable Elemental Confluence. Во однос на приказната, разбравме дека елементите и нивната рамнотежа се тесно поврзани со змејовите и нивните моќи. 

Се откри почетната зона каде што драктирите се соочуваат со нивното ненадејно будење од вековна хибернација и каде што се нападнати. Новокреираните драктири започнуваат на 58 левел и по нивното полнење на 60ти левел, истите продолжуваат со вселување во Ogrimmar или Stormwind.

Во овој дел излезе и Uldaman, Legacy of Tyr занданата која што е моментално достапна на нормално ниво.

Што следува?

Следува конечниот почеток на новата експанзија што нуди проширување на приказната, нов целосен континент со нови правила и прописи, нови рејдови, нова сезона на PvP и Mythic+ и ревамп на професиите. Надежно сите овие работи ќе носат подобро искуство и поинтересен тек на настани во споредба со предходната експанзија. 

Првиот најавен рејд го носи називот Vault of the Incarnates со нови Tier сетови тематизирани според четирите елементи. Истиот ќе биде пуштен во употреба на 12 Декември на сите нивоа со што и ќе почне и Race To World First. Новиот affix во Mythic+ се вика Thundering каде што непријателите имаат 5% повеќе HP и периодично има напади од страна на Raszageth.

Една најава што е потенцирана е Dragonriding. Целиот концепт, лично ми е како How To Train Your Dragon. Секој карактер ќе добие уникатен и целосно customizable drake со кој што ќе можете заедно да патувате низ Dragon Isles. Не знам како ова ќе влијае во однос на рејдовите и занданите, но верувам дека ќе понуди автентична интеракција со овој нов свет. Само се надевам дека нема да биде како Pocopoc, што не даваше некоја посебна суштина освен што беше симпатично роботче што отклучуваше ковчези.

Сума сумарум за Dragonflight

12 Декември – Vault of the Incarnates на сите нивоа Normal, Heroic и Mythic
19 Декември – Raid Finder Wing 1
2 Јануари – Raid Finder Wing 2
16 Јануари – Raid Finder Wing 3

Тематски, оваа експанзија делува возбудливо и се надевам дека добро ќе ја извози приказната. Shadowlands имаше многу пропусти: недоволно развиен контекст, сомнителни одлуки, невпечатливи негативци, чуден развој на важни карактери и целиот хаос во Blizzard. Се надевам дека некои работи ќе бидат подобро развиени, иако имам чувство дека многу работи се избрзани, но времето ќе си го каже своето. Моментално имам чувство дека поголем фокус е даден на светот на змејовите и нашата интеракција со истите, што може да значи пропуст во делови што играчите ги очекуваат од World of Warcraft.

Тоа е сѐ што имам да го споделам до овој момент, па ќе видиме за што се хајпавме последнава година.

СРЕЌЕН СТАРТ НА СИТЕ И СЕ ГЛЕДАМЕ ВО DRAGON ISLES!

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

About The Author

Larian Studios, креаторите на Baldur’s Gate 3, работат на две нови игри во моментов! И нормално за животот да им е подобар, дополнително прават и ажурирања на BG3 активно, иако таа нема да добие никаков дополнителн контент.

Во објавата во медиумите во четвртокот, покрај тоа што се зборуваше за тоа што е следно за Baldur’s Gate 3, студиото потврди на што друго работи. Барем една од нив, ако не и двете, се чини дека се сосема нови IP-адреси врз основа на кажаното.

“As an independent studio since 1996, we value the freedom to follow our creativity wherever it leads. In this case, after six years in the Forgotten Realms and much discussion and rumination, we’ve decided to seize this opportunity to develop our own IPs.

We’re currently working on two new projects and we couldn’t be more excited about what the future has in store.”

Изјава од студиото за медиумите

За оние кои се загрижени за поддршката за Baldur’s Gate 3, немојте да бидете. Студиото сè уште работи на додатоци во играта.