PC

„Да се биде бомбардиран од рецензии не е убаво“ изјави директорот на Overwatch 2

Overwatch 2 пристигна на Steam минатата недела и веднаш беше погодена со толку многу негативни критики од играчите што моментално е најлошата игра според рецензии што се има појавено во историјата на Steam. Во моментов, првата игра на Blizzard за PC надвор од лаунчерот на Battle.net има над 140.000 рецензии на Steam, кои Steam ги сумира како „Премногу негативни“.

Иако има многу корисници кои ја критикуваат играта со реални негативни работи, многу од рецензентите едноставно се тука за само да ја уништат играта поради причини што не ги ни знаат, и само се качуват на возот и тераат.

Во блог пост кој е наменет за прикажување на следната сезона во играта, директорот на играта Overwatch 2, Aaron Keller, изјави: „иако да се биде бомбардиран од рецензии не е забавно искуство, прекрасно беше да се видат многу нови играчи кои доаѓаат во Overwatch 2 за прв пат“.

“Many of the reviews on Steam mention the cancellation of the much larger component of PvE that was announced in 2019 as one of their primary reasons for dissatisfaction with the game. I get that. That announcement was about an ambitious project that we ultimately couldn’t deliver. If we can’t turn back the clock, then what can we do? We can keep adding to and improving Overwatch 2.”

Изјава од Aaron Keller

Keller изјави дека ќе одат напред и „постојано ќе создаваат и иновираат за она што ја прави играта одлична сега за играчите кои играат сега“.

Overwatch 2 моментално достигнува максимум од околу 50.000 Steam играчи дневно, според SteamDB, со највисокиот врв од 75.000 дневно на објавувањето на играта. И покрај раниот напад на негативни критики, играта како F2P игра беше седма најпродавана (симнувана) на Steam (по приходи) таа недела. Играчите мораа да фрлаат пари на пакетот мисија PvE од 15 долари или BattlePass за да го достигнат тоа високо место. Сепак, оттогаш падна на 63-то место.

Прегледите на Steam ги поттикнаа љубителите на играта да започнат кампања на Twitter (по ново X) за поддршка на девелоперите на Overwatch 2 со хаштагот #OWDevAppreciation2023. Многу играчи и програмери на Overwatch споделија приказни и клипови за нивната врска со играта, вклучувајќи го и Keller, кој и се заблагодари на заедницата што ја започна.

Шестата сезона на Overwatch 2, насловена како Invasion, е во живо со нов Support Hero, нов PvP режим и неговиот прв сет на мисии со приказни. Тие PvE мисии се забавни за тврдокорните обожаватели, но не го надоместувајте долгото чекање.

МАРКЕТИНГ

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!