Netflix сакаат да ја купат франшизата Grand Theft Auto

Во новиот извештај на Wall Street Journal е наведено дека Netflix е во преговори со Take-Two Interactive и Rockstar Games за купување на лиценцата за поседување на правата за GTA. Односно сакаат играта да биде на нивната платформа во иднина.

Според Wall Street Journal и нивните извори го добивме следново. „Они (Netflix) разговараа за плановите за издавање игра во рамките на Grand Theft Auto од Take-Two Interactive Software преку договор за лиценцирање тоа да се случи на нивната платформа“.

И покрај извештаите и гласините на интернет кои ги извадија информациите од контекст, договорот не е за нова игра во развој на Netflix. Наместо тоа, Netflix едноставно ги сака правата да има игра која ќе се вика Grand Theft Auto на својата платформа. Иако извештајот не навлегува во која игра, но нормално може да се претпостави дека најверојатно се однесува на најновата делумно најавена, GTA 6.

Иако GTA 6 допрва треба да се објави (односно прво да се најави), Take-Two Interactive објави дека компанијата очекува значително зголемување на приходите во следната фискална година. Take-Two очекува зголемување од 2,5 милијарди долари, што доведе до тоа мнозинството од заедницата да верува дека откривањето на GTA 6 е на пат!

Извештајот исто така открива дека Netflix сега има огромен фокус на мобилните игри и како таков ќе лансира широк спектар на мобилни игри на својата платформа во наредните месеци. Игрите ги вклучуваат корејската серија „Squid Game“ и натприродната комедија „Wednesday“, се наведува во извештајот. Покрај тоа, во извештајот се цитираат и свои извори и се вели дека Нетфликс разговара за игри базирани на „Extraction“, нивниот серијал на Шерлок Холмс и серијата „Black Mirror“.

МАРКЕТИНГ

About The Author

RIP БлизКон

Еден од најпознатите настани кој што порано се чекаше со нетпрение, BlizzCon 2024 е откажан, објави компанијата во четвртокот.

„По внимателно разгледување во текот на минатата година, ние во Blizzard донесовме одлука да не го одржиме BlizzCon во 2024 година. Оваа одлука не беше донесена лесно бидејќи BlizzCon останува многу посебен настан за сите нас и знаеме дека многумина од вас со нетрпение го очекуваат.

Иако на оваа година пристапуваме поинаку и истражувавме различни формати на настани во минатото, бидете сигурни дека сме исто толку возбудени како и секогаш да го вратиме BlizzCon во идните години.

За да ги прославиме овие претстојни изданија и да ги зближиме нашите заедници на нови и посебни начини, наскоро ќе споделиме некои возбудливи планови за други трговски саеми и конвенции во индустријата, како што е Gamescom. Не можеме да дочекаме наскоро да ви кажеме повеќе за тие планови“.

Официјалната изјава од Blizzard

БлизКон вообичаено беше настан каде што Blizzard дава различни најави околу своите игри. Во 2023 година, Blizzard го искористи настанот за да ја открие првата експанзија на Diablo 4 наречена Vessel of Hatred, како и три експанзии за World of Warcraft и многу повеќе.

Што се однесува до плановите на Blizzard за оваа година, компанијата вели дека ќе ги сподели деталите за нејзините претстојни лансирања во текот на „следните неколку месеци“.

Компанијата ја затвори својата изјава велејќи дека се надева дека различните настани на кои присуствува ќе ја „доловат суштината“ на Blizzard.

SAD BLIZZARD FAN