Marvel’s Spider-Man: Miles Morales пристигнува следниот месец за PC

Sony го објавија датумот на лансирање на PC верзијата на Marvel’s Spider-Man: Miles Morales. Само пред неколку месеци, PlayStation го донесе оригиналниот Marvel’s Spider-Man на компјутерските платформи со ветување дека Miles Morales ќе пристигне во одреден момент пред крајот на 2022 година. И додека PlayStation и развивачот Insomniac Games останаа релативно тивки во последниве недели, фановите сега знаат дека ќе можат да си играат со Miles за месец дена од сега!

Објавено во новиот трејлер за играта, Insomniac Games откри дека Marvel’s Spider-Man: Miles Morales ќе дојде на компјутер на 18 ноември. Оваа верзија на играта ќе може да се купува и игра преку Steam и Epic Games Store и ќе се продава за 49,99 долари. Слично како и Marvel’s Spider-Man за PC, Miles Morales исто така ќе има голем број карактеристики кои се специфични за платформата, како што се ray-traced reflections and shadows, ultra-wide monitor support, и graphical upscaling.

Во општа смисла, доаѓањето на Marvel’s Spider-Man: Miles Morales на PC веќе ја зајакнува неверојатно силната постава што PlayStation ја имаше на платформата во 2022 година. Не само што God of War и Marvel’s Spider-Man веќе дојдоа на компјутер ова година, но уште три наслови ќе се случат во следните два месеци. Покрај Мајлс Моралес, на компјутер подоцна во октомври ќе се појават и Uncharted: Legacy of Thieves Collection и Sackboy: A Big Adventure. Да не зборуваме, безброј гласини и протекување сугерираат дека Returnal исто така ќе дојде и на PC во одреден момент. Додека транзицијата на PlayStation кон објавување игри на PC е постепена, насловите сега почнуваат да се упатуваат кон хардверот во мноштво, што ветува добро за иднината.

МАРКЕТИНГ

Спорели на:

Љубителите на Grand Theft Auto, гејмерите и креаторите на дигитална содржина ќе имаат можност да бидат дел од еден специјален настан посветен на долгоочекуваната GTA 6. На 19 ноември, во Скопје ќе се одржи GTA 6 Launch Event, кој истовремено ќе се организира на двете локации на Inferno Gaming Club – Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

Настанот ќе започне во 11:00 часот, а посетителите ќе можат да очекуваат целодневна дружба, гејминг, музика и атмосфера инспирирана од легендарниот Vice City. Организаторите најавуваат тематска музика во текот на целиот ден, со звук и енергија што ќе потсетуваат на препознатливиот свет на Grand Theft Auto, претворајќи ги гејминг-клубовите во места за вистинско GTA доживување.

Централниот дел од настанот ќе биде можноста посетителите да ја испробаат GTA 6 и одблизу да се запознаат со играта. Сите заинтересирани ќе можат да добијат свој термин за играње и да го искусат старо-новиот свет на Rockstar Games, но настанот нема да биде наменет исклучиво за оние што сакаат да седнат пред конзолата.

Идејата е да се создаде простор за собирање на домашната гејминг-заедница, размена на искуства, запознавање нови луѓе и поврзување на креаторите на дигитална содржина. Настанот ќе биде можност за дружба меѓу гејмери, стримери, јутјубери, инфлуенсери и сите оние што ја следат гејминг-културата, со можност за нови соработки и запознавања.

Посетителите ќе можат да разговараат за играта, да ги споделат своите први впечатоци, да разменат мислења за новините во GTA 6 и едноставно да поминат ден во друштво на луѓе со слични интереси. Со музика, тематска атмосфера и активности во текот на денот, организаторите сакаат настанот да прерасне во вистинско собирање на гејминг-заедницата, а не само во можност за тестирање на нова игра.

БЕСПЛАТНО ИГРАЊЕ, НО СО ЗАДОЛЖИТЕЛНО АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ИГРАЊЕ

Една од најважните информации за сите заинтересирани е дека учеството и можноста за играње на GTA 6 се целосно бесплатни. Посетителите нема да треба да плаќаат за да ја испробаат играта, а можноста ќе биде достапна во текот на целиот настан.

Сепак, поради организацијата и распоредот на термините за играње, сите што сакаат да ја испробаат GTA 6 ќе треба однапред да аплицираат преку официјалниот формулар.

По апликацијата ќе се врши јавно влечење за сите луѓе што ќе се пријават за термин за играње, со што ќе се овозможи подобра организација и ќе се избегне непотребно чекање.

КОГА, КАДЕ И ЗОШТО?

GTA 6 Launch Event ќе се одржува на 19 ноември, со почеток во 11:00 часот, истовремено во Inferno 1 во Тафталиџе и Inferno 2 во Кисела Вода.

За сите љубители на Grand Theft Auto, ова ќе биде можност да го дочекаат новото поглавје на франшизата во друштво на домашната гејминг-заедница, со целодневна Vice City атмосфера, музика, дружење и, секако, можност први да ги споделат своите впечатоци од GTA 6.

GG анкета

вести и новости од

ПРИЈАТЕЛИТЕ на GG.MK

GG LFM

W00t w00t? GG ис лукинг фор мор!​
Стани дел од тимот на GG.MK!

GG ЛОВЦИ НА ТРОФЕИ

покажете го пленот

Претплати се на нашата мејлинг листа

Нема спам, нема замарање!
Само гејминг!